Грците тераат по свое: За Павлопулос Македонија е и ќе остане грчка

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос остро ги осуди сите оние кои се осудуваат да го оспорат „грчкиот карактер“ на Македонија, на прослава по повод 103 години од солободувањето на грчкиот град Елесона.

-Македонија е, и ќе остане грчка. Оние кои го оспоруваат грчкиот карактер на Македонија, се предмет на исмејување поради нивните бесмислени тврдења, истакна грчкиот претседател.

Според него, „симпатизерите“ во меѓународната заедница кои ги поддржуваат ваквите наводи „се директни или индиректни соучесници во одвратното силување на историјата“.

Во Грција се коментира дека оваа изјава на Павлопулос е негов индиректен коментар на тоа што САД минатата недела ја поканија Република Македонија да учествува на конференција во Њујорк под уставното име, поради што премиерот Алексис Ципрас го откажа присуството на состанокот.

 

 

Оцени ја веста

07.10.2015 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега