Невозвратена љубов: Еве зошто посакуваме момче кое не можеме да го имаме

Многумина од нас сме почуствувале неверојатна желба да бидеме со некоја личност која едноставно не од наша лига и која не можеме да ја имаме. Можеби причината е во тоа што таа личност  е зафатена или затоа што можеме тешко да ја освоиме, или едноставно таа личност не ги цени нашите чувства. И покрај сето ова ние се уште сакаме да ја имаме оваа личност покрај себе. А потоа се поставува прашањето зошто покрај сето ова се уште сакаме да бидеме со оваа личност, еве го одговорот. 

1.Суета

-  "Зар не изгледам фантастично во овој фустан“ , ние не зборуваме за овој тип на суетата. Мислиме на онаа врста која се однесува на сопствената слика за себе и е врзана за нашите чуства и самодоверба. Ние како луѓе сакаме да се чусвтуваме посебно, атрактивно и важно, а тоа се сите тие работи кои ја „ пумпаат“ нашата гордост, самодоверба и на крајот ја даваат конечната слика за себе. Никој не сака да се чуствува немоќно и непосакувано. Исто тоа се случува и со желбата за одредената личност која не можеме да ја придобиеме. Фактот дека ја сакаме таа личност, а не можеме да ја имаме, е шамар на нашата суета. А кога таа е повредена, умот се обидува да го поврати чувство за самодовербата. техниката за враќање на самодовербата влијае на умот кој вас ве тера да ја добиете работата која ви ја направила таа штета, што во овој случај е токму неосоената личност. Што повеќе се однесувате агресивно кон оваа личност, вие само уште повеќе ја отурнувате од себе, а како последица на тоа - ја посакувате уште повеќе и повеќе.

2. Недостатоците

- Нашите умови на некои начин даваат вредност на работите, а ние за тоа да не сме свесни. Тие здружени сили кои произлегуваат од самиот ум и оценуваат се околу нас, се викаат понуда и побарувачка. Да на прво слушање делува чудно бидејќи не присетува на приниципите на економијата, но тоа е одличен начин да сфатите како функционира човечкиот ум. Па така и ако достапноста на личноста која ја сакаме е ограничена, а сакаме да поминеме повеќе време со неа ( било телефонски или преку пораки) таа личност е се повредна за нас, што за возврат не тера да ја посакуваме уште повеќе да ја доживуваме со големо значење. Затоа често се случува кога сакаме некоја личност, а таа не ограничува со време и не е секогаш достапна за нас, ни почнуваме се повеќе да ја посакуваме.

3. Желба

- Желбата е меч со две оштрици. Ние често сакаме поинакви од нашиот вкус, искуство и сексуалните склоности, но желбата има и социјален елемент. Склони сме на тоа што повеќе да имаме желби оние кои се карактеризирани како посакувани од другите. Ова исто вреди и за сите други работи. На пример, ако сте во потрага за добар ресторан ви сигурно ќе го одберете оној во кој има најмногу луѓе, за разлика од оној кој е празен. Кога станува збор за желбите, тогаш мораме да зборуваме со љубомора. Ако некој го посакува она што ние го сакаме, тоа може да предизвика лувство на конкуренција, како да победите некого и го освоите посакуваното. Кога станува збор за љубовта, да се биде со личност која толку силно ја посакуваме ќе ја крене нашата самодоверба и ќе го нахрани нашето его.

 

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега