Силјановска изразлила подготвеност за средба со Радев во Ватикан

 

Претседателката Гордана Силјановска Давкова изразила подготвеност да се сретне со бугарскиот Претседател Румен Радев во интерес на подобрување на односите меѓу двете земји и двата народи, брифираат извори на Сител од Претседателскиот кабинет.

Силјановска и Радев во моментов ги предводат македонската и бугарската делегација на чествувањето на денот на сесловенските просветители светите Браќа Кирил и Методиј во Ватикан. До овој момент нема информации како кабинетот на Радев одговорил на подготвеноста на македонската претседателка за тет а тет средба.

Според агендата, Силјановска во петок ќе присуствува на молебен на гробот на свети кирил во базиликата Сан Клеметне , ќе биде примена и од Папата а ќе оствари и средба со генералниот секретар на светата столица задолжен за надворешни односи. Во сабота Силјановска ќе положи венец на споменикот на макеоднски јазик во базиликата Санта Марија Маџоре а најавена е и тет- а тет средба со Претседателот на Италија Серџо Матарела.

22.05.2024 - 21:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега