ВИДЕО: Дивееше во спротивна насока - полицајците се решија за драстичен потег

Полицијата од американската сојузна држава Јута објави драматична видео снимка од невидено дивеење по автопатот!

Извесна Натали Петерсон (32) не само што не сакала да застане на препознатливиот предупредувачки звук на сирените на полицискиот автомобил, туку забрзала и почнала да бега. А кога полицајците и се приближиле, завртела, преминала во спротивната лента, дала гас и тргнала во спротивен правец.

Притоа толку вешто ја избегнувала полициската патрола, па претставниците на силите на редот имале само една опција: со автомобилот се забиле во нејзиниот и го превртеле. Но тоа не било крајот. Жената излегла од автомобилот и се обидела да се качи на друг автомобил, да го одземе и да побегне.

Едвај ја совладале пет полицајци. Ја одвеле во болница, каде осум луѓе едвај ја смириле.

Полицијата вели дека сигурно била под дејство на дрога или алкохол.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега