Шекеринска и СДСМ немаат кредибилитет да говорат за слобода на новинарите

Меѓу говорниците на трибината на СДСМ која вечерва се одржува во Универзалната сала, а на која најголемата опозициска партија објавува материјали за наводни избори нерегуларности беше и заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Правата на новинарите и слободата на изразување беа главни во излагањето на Шекеринска, која се чини заборави како таа и нејзината партија изминатиов период и измиантиве години вршеа притисок врз новинари и цели медиумски куќи.

- Ја водиме оваа битка за Македонија за само една година да го подобри својот индекс во слободата на говорот. Ветувам дека од 12 прилози во вести ниту еден нема да биде нарачка, рече Шекеринска.

СДСМ многу пати досега го има покажано вистинското лице кон новинарите. Навреди, плукања, притисоци, па дури и бркања од работа се мал дел од активностите кои СДСМ ги применува кон претставниците на медиумите. А истовремено најгласно обвинува дека нема слобода на медиуми во Македонија.

Последен ваков случај е оставката која неодамна ја поднесе главниот и одговорен уредник на опозициската телевизија 24 Вести, Гоце Михајловски. Михајловски истакна дека тој имал несогласувања и различни мислења со менаџментот на телевизијата, став кој експертите го оквалификуваат како благо објаснување за жестоките притисоци кои ги трпел Михајловски од директорот на телевизијата Зоран Иванов.

Иванов е поранешен портпарол на Владата на СДСМ кој му замерувал на уредникот за објективното известување, односно барал известување кое е единствено во интерес на Заев и СДСМ.

Очигледно, СДСМ вака ја разбира слободата на медиумите за која толку гласно говори Шекеринска. Во кулоарите се говори дека главна причина за оставката на Михајловски е неговото интервју со Заев во кое лидерот на СДСМ имаше катастрофален настап и буквално се “закопа“ и се разобличи пред целокупната јавност, давајќи изјави дека соработува со Верушевски, дека му испраќал писма на екс-разузнавачот  во кои ја споменува соработката со странски служби. Михајловски, иако поставуваше само нормални прашања кои беа предмет на интерес на јавноста, и не беше воопшто крив за лошиот настап на Заев, тогаш беше соочен со канонада од навреди од страна на приврзаниците на СДСМ.

И уште еден уредник на опозициската телевизија 24 Вести, Душица Мрѓа, беше бомбардирана од закани и навреди од членовите и функционерите на СДСМ после нејзиното интервју со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, во кое високиот функционер на СДСМ имаше извонредно слаб политички настап кој ја демаскираше неодговорната политика на опозицијата кон својата земја.

Однесувањето на СДСМ кон новинарите е и повеќе од скандалозно. Иако насекаде зборуваат за слобода и демократија во реалноста СДСМ кон новинарите се поставува како режим од најсуров вид.

Додека Шекеринска говори дека дека немало да има нарачани прилози, македонските граѓани не заборавија дека токму за време на владеењето на СДСМ, кога Радмила Шекеринска беше вицепремиер, се случи најголемата афера во македонското новинарство. Скандалозната афера беше наречена „Фабрика“. Тогаш, на неколку метри од зградата на Владата, во една куќарка, се пишуваа текстови, се уредуваа вести и се креираше перцепција во интерес на СДСМ.

СДСМ нема кредибилитет да говори на оваа тема. Партијата на Заев нема кредибилитет да зборува за состојбата во македонското новинарство. Нивни функционери имаат заеднички фирми со новинари. Опозициската новинарка Оливера Трајковска и советничката на СДСМ во Град Скопје и висок партиски финционер на опозициската партија, Софија Kуновска се бизнис-ортачки,.

СДСМ постави новинари за пратеници и портпароли. Двајца новинари од А1 телевизија станаа народни избраници од опозицијата. Ленче Николовска и Сафет Бишевац беа на пратеничките листи на СДСМ. Се уште постои дилема дали нивните имиња на листа биле трампа за попуст за политичко рекламирање во телевизијата на Велија Рамковски, како што говореше Љубе Бошковски за новинарката Анета Додовска, исто така од А1 телевизија.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега