На германската полиција ѝ се предал 26 годишен Сириец, го признал нападот со нож

Сириец на возраст од 26 години е осомничен за нападот со нож на 23 август во западниот германски град Солинген, во кој загинаа три лица, а осум беа повредени, соопштија германските власти. 

Осомничениот се предал и го признал делото, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и обвинителството во Дизелдорф.

„Вклучувањето на ова лице во моментов е под интензивна истрага“, изјавија оттаму.

На 24 август, милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, без да обезбеди докази, пренесе агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).

Нападот се случи на фестивал на прославата на 650 годишнината на градот.

„Осомничениот е поврзан со бегалскиот центар во Солинген кој беше претресен во саботата“, соопштија властите.

Екстремистичката група на својата интернет страница објави дека напаѓачот ги таргетирал христијаните и дека тој ги извршил нападот „за да ги одмазди муслиманите во Палестина и насекаде“, пренесе АП.

Ова тврдењето не можеше независно да се потврди.

25.08.2024 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега