Сиљановска и Радев ќе гледаат опера во Софија

 

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе биде во посета на Софија, каде ќе присуствува на операта „Набуко“ од Џуепе Верди, во изведба на Националната опера и балет. Во рамки на посетата, Сиљановска Давкова во Софија ќе оствари средба и со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Во македонската делегација ќе биде министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков. 

Во пресрет на посетата, премиерот Христијан Мицкоски вчера во одговор на новинарско прашање што очекува од истата, повтори дека државава сака да гради добрососедски односи и дека тука нема никаква дилема.

- Ќе продолжиме да градиме добрососедски односи. Нашето мото е дека туѓото не го сакаме, своето не го даваме, а градењето добрососедски односи е европска вредност и треба така да продолжиме. На работна посета кај мене беше претседателот на Владата на Косово, Албин Курти, во периодот којшто следи договараме и со премиерот на Албанија, посета во Тирана или во Скопје, договараме и со премиерот на Република Србија посета во Скопје. Претпоставувам во периодот што следи ќе има слични такви посети и со Мицотакис и со премиерот на Бугарија. Ние се видовме на Самитот на НАТО во САД. Нашата цел е да градиме добрососедски односи и така и ќе продолжиме. Имаме наши позиции по однос на нашите интереси. Ние ќе се бориме за нашите интереси како држава и не треба ништо да биде чудно, кажа вчера Мицкоски.

Во средата на прес-конференција во Владата, Мицкоски рече дека сега е период кога апсолутно ништо не може да се случи во преговорите со Бугарија се додека таму не се избере Влада. 

- Сега е период кога апсолутно ништо не може да се случи во тој процес, бидејќи како што знаете имаме период кога во Бугарија ќе се случуваат нови седми по ред, во последните три години предвремени парламентарни избори. Да почекаме да се случи таму политичка Влада, за да видиме дали постои желба за дијалог. Ние сме подготвени да разговараме, сакаме да разговараме и тоа го пренесуваме на нашите соговорници, кои доаѓаат од Брисел. Инаку што се однесува до нашите предлози, тие во јавноста се познати, коментирани многу пати до сега, рче Мицкоски.

Kryeministri Hristijan Mickoski në një koment për vlerën e provizionit për kredinë nga Hungaria e cila nga dje është në procedurë kuvendore vlerësoi se shpenzimet për atë kredi janë nga 12 de

Говорејќи за уставните измени, оваа недела апелираше да се престане со билатерализација на евроинтегративниот процес. Според него, не станува збор дали граѓаните или политичарите имаат волја за уставни измени, туку дали во Брисел има волја да се реши ова прашање.  

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, пак, на прес-конференцијата во вторникот со неговиот италијански колега Антонио Тајани, рече дека државата ќе биде афирмативна и ќе работи во духот на добрата верба со сите  соседи, а примарна цел е да е фокусирана на домашните реформи, владеењето на правото, борбата со корупцијата. Посочи дека доколку постои добра волја од страна на земјите - членки на ЕУ, нема предизвик на којшто не може да се најде решение, додека пак, во врска со моделот на одложна примена на уставните измени, смета дека не се потребни промени во Преговарачката рамка и заклучоците на Советот на ЕУ.

– Не го делам целосно ставот дека за моделот на одложна примена на уставните измени се потребни промени на Преговарачката рамка и заклучоците. Тоа е прашање на правно толкување, јас сум застапник на ставот дека тоа може да се направи без никаква промена, рече Муцунски и додаде дека целта е земјава да обезбеди предвидлив пат кон европските интеграции и второстепено да ја заштити и политиката на проширување на вредности и принципи.

Бујар Османи и Никола Димитров, кои денеска ги примопредоадоа функциите на вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи, не очекуваат пречки од соседна Бугарија во процесот

Во меѓувреме, пак, Владата ги смени претседателот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓорѓиев и пет други членови и на нивно место назначи нови, но останаа и дел од претходните. Сменети се претседателот Драги Ѓоргиев и членовите Петар Тодоров, Љупчо Ристески, Огнен Вангелов, Исамедин Азизи и Љубица Спасковска.

Старо-новата Комисија сега е во состав: Ванчо Ѓорѓиев (поранешен член во оставка), претседател, професор на Филозофскиот факултет, Митко Панов, историчар од Институтот за национална историја; Александар Литовски (поранешен член кому претходната влада не му го продолжила договорот), Никола Минов, професор по историја на Филизофскиот факултет; Сашо Додевски, насловен доцент од Институтот за историја на Филозофскиот факултет; Бесник Емини, историчар од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје; и Димитар Љоровски (и претходно беше член), историчар, вработен во Институтот за национална историја.

Вчера, дел од поранешните членови излегоа со реакција во јавноста и повикаа на промена на методологијата во работата и вклучување експерти од ОБСЕ, УНЕСКО или Советот на Европа.

- Во минатото, Комисијата беше постојана мета на политички мотивирани напади од бројни медиуми и политички партии и нејзината работа беше искористена за остварување политички цели. Тие напади продолжија до денес, а минатите неколку недели бевме сведоци на неаргументирани, обвинувачки и навредливи изјави на премиерот за работата на поранешните членови на Комисијата со кои тој ги дели граѓаните на ‘заштитници’ и ‘незаштитници’ на националните интереси согласно со неговите лични погледи. Уште пострашно е што премиерот свесно испраќа авторитарна и заканувачка порака дека оној што нема да ги исполнува неговите очекувања и политички погледи ќе биде етикетиран дека не ги штити националните интереси, велат тие во реакцијата.

Тие наведуваат и дека во јавноста се објавени текстови кои се обидуваат да ја дообјаснат политичката одлука на Владата со манипулации и невистини дека Комисијата утврдила два протоколи кои, всушност, се усвоени од Владите на двете држави, како и дека членовите на Комисијата на 15. средба на која не е донесена никаква одлука, наводно, отстапиле од македонските црвени линии усвоени во Собранието во јули 2021 година.

Двајца поранешни членови на македонскиот тим од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања преку отворено писмо до јавноста повикаа на промена на методологијата во работата и вклучување експерти од ОБСЕ, УНЕСКО или Советот на Европа.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека не е против тоа да се вклучат експерти, но најави и дека ќе се спроведе истрага за тоа колкави хонорари се исплаќале и како се трошеле парите во Комисијата.

- Нека се вклучат експерти, ние сме за да се вклучат за да се најде решение. Е сега, дали овие политички флоскули од страна на поранешните членови на Историската комисија треба да се коментираат повеќе и да им се посветува внимание, не мислам. Потрошени се стотици илјади народни пари и евра за ништо, за нешто кое што резултираше со капитулација прифаќајќи го тоа што го прифатија двоецот Ковачевски и Османи. Од прилика тоа е суштината кое што оваа Комисија ја сработи и потроши неколку стотици илјади евра народни пари. Мислам дека отсуството на доверба на оваа влада која што доби легитимитет од граѓаните да ги исправа погрешно водените процеси во минатото кон овие членови на старата комисија, е прашање на политичка одлука, тоа не е прашање на нешто друго дали ОБСЕ ќе се вклучел или не знам кој ќе се вклучи. Нека се вклучи, ама ќе се вклучат сега малку и инспекциските и истражните органи да видиме каде се трошеа парите, колкави се хонорарите на овие коишто направиле ништо изминативе години, односно го засрамија народот во Македонија и ги продадоа македонските интереси, нагласи Мицкоски. 

Deputetët e LSDM-së kërkojnë të tërhiqet ligji për kredinë nga Hungaria në procedurë të shkurtuar dhe ai të miratohet në procedurë të rregullt, për të të organizohet debat me përfshirje të op

Лидерот на СДСМ Венко Филипче вчера го осуди, како што кажа, политичкото дискредитирање на членовите на Историската комисија и дека ја поддржува идејата за вклучување на странски експерти во нејзината работа.

- Сметам дека таа има јасно утврдена задача а тоа е да утврди заедничко толкување на историски факти. И тука за политика воопшто нема место и дополнително со политизација и со обиди за политичка дискредитација ние ја поткопуваме суштината на целокупниот процес и сериозно ги дискредитираме тие политичари што тоа го прават, експертизата на членовите кои работат таму, а таму работат професионалци од тие области, изјави Филипче.

Според него, политичарите можеби ќе помогнат доколку иницираат дополнителен модел на пример странски експерти по примерот на некои европски држави.

-Сметам дека вклучувањето на меѓународни експерти во Историската комисија со Бугарија воопшто не е лоша работа. Прво дефинитивно ќе влијаат на елиминирањето на политичките влијанија кои на никого не му носат добро а ќе внесат искуства од претходни комисии каде работеле. Така што го осудувам политичкото дискредитирање и политизацијата на историската комисија, изјави Флипиче на прес-конференција во Собранието

13.09.2024 - 08:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа