Групна тепачка во Скопје

 

МВР информираше дека вчера во околу 10:30 во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „365“ во Скопје, поради претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.И.(46), А.И.(35), И.И.(71), Џ.И.(68) и Р.И.(64), од една страна и Ѓ.А.(56), И.Х.(67), С.Н.(32), К.Х.(32), Ј.Х.(32), Х.С.(59) и Х.Ј.(28), од друга страна, сите од Скопје.

Полицијата соопшти дека сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега