Започна реконструкцијата на крак 38 на улицата „Македонско-косовска бригада“ во општина Шуто Оризари, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Тој посочи дека реконструкцијата е реализација на ветувањето што им го дал на жителите при средбата со нив, кога токму оваа улица била посочена како едно од најважните барања на населението.
Според најавата, улицата ќе добие нов асфалт по целата должина, со што жителите ќе добијат подобри услови за движење и уредена инфраструктура.
Ѓорѓиевски нагласи дека подобрувањето на инфраструктурата во сите општини останува дел од неговите приоритети, со цел рамномерен развој на Скопје.

