Close Menu
Press24
    Најново

    Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, обвинителот Савески сè уште молчи

    19.11.2026 во 11:24

    ВИДЕО: „Кажи НЕ“ – МВР со предупредување до родителите и децата

    19.11.2026 во 11:22

    Муцунски: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во побезбедна Европа

    19.11.2026 во 11:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, обвинителот Савески сè уште молчи
    • ВИДЕО: „Кажи НЕ“ – МВР со предупредување до родителите и децата
    • Муцунски: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во побезбедна Европа
    • Домот го претворил во продавница – Македонската полиција имала што да види
    • Владата со нови мерки за заштита на децата: Забрана на малолетничките бракови и борба против дигиталното насилство
    • Владата префрли нови пари за бизнисот: За домашните компании обезбедени 250 милиони евра
    • Тајван пријави нов прелет на два руски воени авиони Ту-95 во близина на островот
    • Средба Сали – Исранг: Германија е стратешки партнер, потребен е предвидлив процес на проширување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, обвинителот Савески сè уште молчи

    Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, обвинителот Савески сè уште молчи

    19.11.2026 во 11:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дваесет дена по избувнувањето на скандалот со „Алта банка“ во земјава и една недела откако СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица, од јавниот обвинител Ненад Савески сè уште нема одговор, изјави на прес-конференција Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

    Според Фрчкоски, граѓаните и пензионерите се соочуваат со пречки во пристапот до сопствените средства и пензии, а во јавноста нема информации дали е отворена истрага за „Алта банка“, дали се повикани Славески и премиерот Христијан Мицкоски на распит, како и дали се обезбедени документите за согласноста за влез на банката и проверени сметките и трансакциите.

    Тој посочи дека во Србија е покрената истрага, одземена е дозволата, банката е во стечај, сопственикот Мацура е уапсен со истрага за речиси 400 милиони евра, а блокирани се сметките на „Алта груп“ и одземена дозволата на „Алта лизинг“, додека во Македонија, како што рече, сè уште се чека и нема постапување.

    Фрчкоски оцени дека Славески и Мицкоски брзаат со продажба на банката, предупредувајќи за можен пад на цената на аукција доколку нема купувач и прашувајќи дали со тоа се прави обид да се обезвредни банката и да се прикријат докази, сметки и трансакции.

    „Ако на аукцијата нема купувач, цената ќе паѓа. Прво никој нема да се јави, па на крај ќе ја продадат за џабе. Тоа е моделот. А потоа истата банда ќе го обвини СДСМ и за ниската цена. Познат арамиски манир“, рече Фрчкоски.

    Тој побара Савески да го прекине молкот и да постапи независно и по закон, нагласувајќи дека одложувањето може да доведе до прикривање траги и уништување докази, при што додаде: „Ако Мицкоски му врши притисок, по телефон или на кој било друг начин, Савески нека го каже тоа јавно и нека го одбие“.

    На крајот од обраќањето, Фрчкоски порача дека институциите мора веднаш да реагираат за заштита на граѓаните и предупреди: „Времето одминува, доколку Савески не постапи ќе стане соучесник, тоа мора да му биде јасно“.

    Прочитај повеќе

    Средба Сали – Исранг: Германија е стратешки партнер, потребен е предвидлив процес на проширување

    19.11.2026 во 10:45

    Божиновска на форумот P-TEC во Варшава: Интерконекторот со Грција ќе биде готов во јуни следната година

    19.11.2026 во 10:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.