Нови 45,2 милиони денари се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициите на домашните компании, информира Министерството за финансии.
Досега преку оваа мерка Владата пласирала вкупно 14,9 милијарди денари, односно околу 242 милиони евра за поддршка на приватниот сектор. За реализација на програмата се предвидени вкупно 250 милиони евра.
Средствата се обезбедени преку унгарската Експорт-импорт банка и се наменети за поттикнување на инвестициите и економскиот раст.
Од Министерството за финансии посочуваат дека парите преку Развојната банка и деловните банки стигнуваат до домашните компании под поволни услови, со каматна стапка од 1,95 проценти, рок на отплата до 15 години и грејс-период до три години.

