Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче до Мицкоски: Ќе дојде време кога вашата пропаганда ќе мора да се извинува

    24.11.2026 во 15:00

    Јаневска: Студентскиот оброк треба да изнесува 156 денари

    24.11.2026 во 14:27

    ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата на СДСМ за вонредна седница за семејното насилство

    24.11.2026 во 13:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче до Мицкоски: Ќе дојде време кога вашата пропаганда ќе мора да се извинува
    • Јаневска: Студентскиот оброк треба да изнесува 156 денари
    • ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата на СДСМ за вонредна седница за семејното насилство
    • До 2030 година околу 300 вработени во Итната медицинска помош ќе заминат во пензија
    • Инспектори ги чешлаат продавниците низ Македонија – кој дава лажни попусти за Black Friday
    • Автопати без патарини – ќе се наплаќа по изминат километар
    • Клековски: Не сме ние полициска држава
    • Сите сведоци за Надзорната расправа за Алта банка отидоа на службен пат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче до Мицкоски: Ќе дојде време кога вашата пропаганда ќе мора да се извинува

    Филипче до Мицкоски: Ќе дојде време кога вашата пропаганда ќе мора да се извинува

    24.11.2026 во 15:00Updated:24.11.2026 во 15:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче, на денешната прес – конференција упати порака до Мицкоски, дека ќе дојде време кога неговата пропаганда ќе се извинува исто како што тоа сега го прави пропагандата на Вучиќ во Србија.

    Филипче нагласи дека влијанието што Мицкоски го спроведува  врз медиумите директно ја загрозува демократијата, слободата на медиумите и слободата на говорот и додаде дека и во европските извештаи е нотирано дека нема напредок во медиумската сфера, што е сериозен проблем за демократските процеси во државата.

    „Тоа го гледаат и граѓаните, го гледа и Европа. Влезено е во извештаите дека нема напредок во сферата на медиумите. И тоа е еден од најсериозните проблеми. Загрозувањето на демократијата и слободата на медиумите и слободата на говорот е еден огромен проблем“, рече Филипче.

    Тој потсети дека вчерашното признание на Мицкоски  во интервју за телевизија Телма дека е нормално да се нарачуваат медиумски текстови, само потврдува како се нарачуваат медиумски содржини и додаде дека со години, преку антиевропоска пропаганда се работи на политичка промоција на Мицкоски.

    „Тоа ли го прави Христијан Мицкоски? Секојдневно. Нарачува лажни текстови, медиумски линчови, пропаганди, оцрнување и така натаму.Ете таков човек ја води државата. Тој треба да знае дека Фајненшл тајмс не му е Алфа телевизија, и неговите протагонисти во медиумите Латас, Геровци, па да напишат сè што тој ќе им нарача, затоа што ќе им дојде крајот на тие работи, на тие црни пропаганди, ќе дојде време кога ќе се извинуваат, исто како што сега тоа го прави пропагандата на Вучиќ во Србија“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: Отворена „Лига Центар“, доделени 53 спортски стипендии за најдобрите млади спортисти

    18.11.2026 во 14:25

    Поранешниот сопруг со месеци ја малтретира нашата малолетна ќерка – скопјанка решила да се јави во полиција

    18.11.2026 во 13:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.