Четириесет и осумгодишна жена вчера во 12:20 часот во СВР Скопје пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг Б.К. (44), во периодот од мај па сè досега, вршел психичко малтретирање и вознемирување над нивната малолетна ќерка.
Од СВР Скопје информираат дека веднаш по пријавата се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

