Close Menu
Press24
    Најново

    Минчев: Академијата ќе создава професионалци и идни лидери во јавната администрација

    18.11.2026 во 12:34

    Кузеска: Дали им се купува време на Мицкоски и Славески, зошто обвинителството молчи

    18.11.2026 во 12:26

    Утре седум часа ќе нема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    18.11.2026 во 12:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Минчев: Академијата ќе создава професионалци и идни лидери во јавната администрација
    • Кузеска: Дали им се купува време на Мицкоски и Славески, зошто обвинителството молчи
    • Утре седум часа ќе нема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Николоски најави прв национален податочен центар: Се подготвува теренот за инвестицијата
    • Грозданов најави средба со родителите на загинатите во „Пулс“ за организирањето на новогодишните и божиќните празници
    • Судска наредба, претрес и приведување: Македонската полиција упадна во домот на 51-годишник
    • ФЗО открива зошто настана проблемот со здравственото осигурување во МВР
    • ФОТО: Граѓаните ќе одлучуваат што ќе се гради и реализира во Кисела Вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев: Академијата ќе создава професионалци и идни лидери во јавната администрација

    Минчев: Академијата ќе создава професионалци и идни лидери во јавната администрација

    18.11.2026 во 12:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Администрацијата на иднината не се гради само со нови правила и процедури, туку со луѓе кои имаат знаење, визија и капацитет да ги предводат промените“. Ова го истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на Министерската конференција на РеСПА „Јавна администрација подготвена за иднината: професионален развој и е-управување за пристапување кон ЕУ“, што се одржува во Белград и која годинава е посветена на искуствата на земјите од регионот, улогата на академиите за јавна администрација во развојот на професионалните компетенции, како и придонесот на дигиталните јавни услуги кон подостапна, потранспарентна и поефикасна администрација.

    Во фокусот на неговото обраќање беше воспоставувањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, како темел на професионализацијата на администрацијата и изградбата на институционални капацитети подготвени да одговорат на современите предизвици и барањата на европската интеграција.

    „Со донесувањето на законското решение во 2025 година ја поставивме правната основа за системски пристап кон стручното усовршување на административните службеници. Но, нашата амбиција е многу поголема од воспоставување институција што ќе организира обуки. Академијата треба да биде столбот на институционалната вредност, да создава професионалци и идни лидери и стратешки да ги развива компетенциите на администрацијата на иднината“ истакна министерот Минчев.

    Посебен акцент беше ставен на приоритетите за целосна операционализација на Академијата, зајакнувањето на нејзините капацитети, развојот на програми засновани на компетенции, како и на унапредувањето на дигиталните процеси за управување со стручното усовршување и обуката на административните службеници. Во тој контекст, министерот ја истакна важноста на поддршката од РеСПА и европските партнери во развојот на современи, интегрирани и одржливи решенија кои ќе го олеснат пристапот до обуки, ќе го унапредат следењето на професионалниот развој и ќе придонесат кон поефикасно управување со знаењето во јавниот сектор.

    „Дигитализацијата на процесите за стручно усовршување не треба да биде само техничко унапредување, туку инструмент за поефикасно управување со знаењето во целиот јавен сектор. Нашата цел е да изградиме одржливо решение што ќе им служи на институциите и административните службеници, од идентификацијата на потребите за обука до евалуацијата на постигнатите резултати“ нагласи Минчев.

    Преку зајакнување на регионалната и европската соработка, како и воспоставување на Академијата како современ центар за професионален развој, Министерството за јавна администрација инвестира во човечкиот капитал во институциите и во создавање администрација која не само што ќе ги следи европските стандарди, туку ќе биде подготвена активно да ги применува и да одговори на очекувањата на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Кузеска: Дали им се купува време на Мицкоски и Славески, зошто обвинителството молчи

    18.11.2026 во 12:26

    Утре седум часа ќе нема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    18.11.2026 во 12:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.