51-годишен жител на кавадаречкото село Бегниште бил приведен откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла повеќе парчиња ловечко оружје и муниција за кои немал соодветна документација.
Претресот бил извршен на 17 ноември, со судска наредба, во домот и помошните простории на Ц.Д. (51).
При контролата биле пронајдени два ловечки карабина, од кои едниот со оптички нишан, една ловечка пушка, како и вкупно 14 ловечки патрони и 15 куршуми.
Оружјето и муницијата биле одземени, а 51-годишникот бил приведен во полициска станица.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот се очекува да следува соодветна пријава.

