Во СВР Скопје вчера, на 17.11.2026 година во 14:00 часот, 51-годишен маж пријавил дека претходниот ден, односно на 16.11.2026 година, бил физички нападнат од неговата мајка Л.К. (68) во нивниот дом во скопско.
Од полицијата информираат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување на овој семеен инцидент и утврдување на сите околности под кои се случил нападот.

