Вчера попладне, на 17.11.2026 година во 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека избувнал пожар во куќа на подрачјето на Шуто Оризари, сопственост на 61-годишниот З.Ж. од Скопје.
Според информациите од полицијата, во огнената стихија изгорела разновидна стока, но за среќа нема повредени лица.
Пожарот бил локализиран и изгаснат по интервенција на екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а на местото на настанот излегле и полициски службеници од СВР Скопје.

