Close Menu
Press24
    Најново

    Герасимовски: Отворена „Лига Центар“, доделени 53 спортски стипендии за најдобрите млади спортисти

    18.11.2026 во 14:25

    Николоски: Од 1 јануари нови правила за игрите на среќа

    18.11.2026 во 13:57

    Митрески: Во ризик се пензиските заштеди на граѓаните

    18.11.2026 во 13:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Герасимовски: Отворена „Лига Центар“, доделени 53 спортски стипендии за најдобрите млади спортисти
    • Николоски: Од 1 јануари нови правила за игрите на среќа
    • Митрески: Во ризик се пензиските заштеди на граѓаните
    • Апсења во Скопје
    • Тетово: Му испаднал пиштол со муниција додека бегал од полицијата, па добил друго возило за да избега
    • Хотел во Охрид пуштен во употреба иако бил изграден спротивно на одобрението, кривична пријава против 67-годишник
    • Не застанал на полициски знак во Велес: Сопатник фрлил марихуана, уапсени двајца тинејџери, се трага по возачот
    • Ја тепала мајка си со дрвен предмет – Полицијата приведе 29-годишна девојка од Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Отворена „Лига Центар“, доделени 53 спортски стипендии за најдобрите млади спортисти

    Герасимовски: Отворена „Лига Центар“, доделени 53 спортски стипендии за најдобрите млади спортисти

    18.11.2026 во 14:25Updated:18.11.2026 во 14:301 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со ревијален одбојкарски натпревар меѓу девојчињата од основните училишта „11 Октомври“ и „Киро Глигоров“, денеска беше отворена новата сезона на „Лига Центар“.

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им посака на младите спортисти од Центар многу успеси, добри резултати и спортски достигнувања, нагласувајќи дека општината продолжува да ги поддржува и вреднува нивните постигнувања.

    „Овие ученици заслужуваат признание и поддршка за трудот, посветеноста и резултатите што ги постигнуваат. Продолжуваме да ги стимулираме спортските успеси и да ги поттикнуваме децата и младите да спортуваат, да се натпреваруваат и да се физички активни“, порача Герасимовски.

    Оваа година Општина Центар додели вкупно 53 спортски стипендии, со месечен износ од 3.500 до 5.000 денари, кои се исплаќаат во текот на осум месеци од учебната година.
    Стипендиите се наменети за ученици кои постигнале значајни резултати во различни спортски дисциплини.

    За првпат годинава, Општина Центар додели стипендии и за екипен спортски резултат. Поддршка доби ракометарскиот тим на ООУ „Коле Неделковски“, за освоеното трето место на меѓународен натпревар.

    Со отворањето на „Лига Центар“, Општина Центар продолжува да ги поттикнува спортскиот живот и правилниот развој кај младите.

    Прочитај повеќе

    Поранешниот сопруг со месеци ја малтретира нашата малолетна ќерка – скопјанка решила да се јави во полиција

    18.11.2026 во 13:14

    Македонка загина во страшна сообраќајка во Албанија

    14.11.2026 во 20:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.