Полициски службеници од СВР Велес вчера околу 12:30 часот во населбата Превалец се обиделе да сопрат патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од машко лице, во кое имало и двајца сопатници.
Возачот не постапил по дадениот знак и продолжил со движење, при што во еден момент еден од сопатниците фрлил марихуана низ прозорецот. По ова, возачот сепак го запрел автомобилот, по што лицата се дале во бегство.
По кратка потрага, полицијата ги пронајдела сопатниците – 15-годишен малолетник и 18-годишниот Т.М., двајцата од Велес. Т.М. бил лишен од слобода, додека со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител.
За настанот бил известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот кој успечил да побегне. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

