Пратеничката група на владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи иницијативата на СДСМ за одржување вонредна седница посветена на семејното насилство.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски рече дека бројот на пријави е зголемен за 70%, а бројот на кривични пријави за 50%. Сепак, оцени дека тоа е резултат на зголемената доверба на граѓаните во институциите.
„Тоа не значи дека претходно семејното насилство било отсутно, туку дека сега граѓаните имаат повеќе доверба во институциите да го пријавуваат. За тоа придонесоа и измените на Кривичниот законик од јануари 2026 година, според кои семејното насилство се гони по службена должност“, рече Стојаноски.
Вели дека целта е да се воспостави систем со кој семејното насилство ќе се сведе на најмали можни граници. Ја обвини и претходната влада дека не презела ништо во таа насока.
Пратеникот најави дека на седницата ќе побараат одговори од Јавното обвинителство зошто нема поднесено обвинително акти, но и од судовите зошто за некои предмети сѐ уште нема судска развршница.

