Close Menu
Press24
    Најново

    Сведок за пожарот во „Пулс“: Жариштето беше кај задната врата, а противпожарни апарати сум видела само во билетарата

    24.11.2026 во 12:36

    СДСМ бара итна собраниска седница по случаите на фемицид и семејно насилство

    24.11.2026 во 12:33

    Месечно трошат по 4.800 денари за цигари: Секој втор возрасен во Македонија е пушач

    24.11.2026 во 12:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сведок за пожарот во „Пулс“: Жариштето беше кај задната врата, а противпожарни апарати сум видела само во билетарата
    • СДСМ бара итна собраниска седница по случаите на фемицид и семејно насилство
    • Месечно трошат по 4.800 денари за цигари: Секој втор возрасен во Македонија е пушач
    • Струмичанец уапсен за лихварство: Се заканувал за наплата на пари
    • Крадел кабли од дрвени бандери – дебранец направил огромна штета
    • Потпишал технички извештај за хотел дивоградба во Охрид – кривична за кавадарчанец
    • Родител од Аеродром се јавувал и им се заканувал на родители, наставници и деца
    • Малолетници предизвикале пожар и снимале со телефон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сведок за пожарот во „Пулс“: Жариштето беше кај задната врата, а противпожарни апарати сум видела само во билетарата

    Сведок за пожарот во „Пулс“: Жариштето беше кај задната врата, а противпожарни апарати сум видела само во билетарата

    24.11.2026 во 12:363 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Жариштето на пожарот во дискотеката “Пулс” во Кочани било кај задната врата, поради што сите во паника тргнале кон главниот влез каде настанало стампедо, изјави хонорарно вработена, што критичната вечер на 16 март била на смена како шанкерка.

    Сведокот Анастасија Соколова, предложена од одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов Деко, денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје, рече дека противпожарни апарати во дискотеката „Пулс“ забележала само во билетарата.

    Одговарајќи на прашања од одбраната на Деко, Соколова рече дека има хонорарно работено во Пулс за викенди во периодот од 2022 до 2025 година и критичната вечер на 16 март работела на шанк, на дневница, а одговорен за работата бил Деко, кој им давал налози и работни задачи.

    -Никој друг не ни даваше задачи освен Деко, изјави сведокот.

    Посочи дека дискотеката била реновирана во 2024 година, по што биле тргнати терасите над шанкот и биле поставени сепареа лево и десно од бината. 

    Во однос на противпожарната заштита, таа рече дека забележала противпожарни апарати само во билетарата, но не се сеќава дека видела на друго место во дискотеката.

    -Имам забележано противпожарни апарати во билетарата. На друго место не се сеќавам дека имам видено – изјави сведокот.
    ​
    Според сведокот и претходно во дискотеката имало употреба на пиротехника, но никогаш со јачина како таа вечер.

    -Додека работев само ја забележав многу силната светлина од пиротехниката. Никогаш претходно не сум видела таква светлина, наведе Соколова.

    Прашана дали видела пиротехничари ангажирани од Деко, одговори дека само слушнала од колеги, но, таа самата не видела.
    ​
    Пожарот, според нејзиното сведочење, избувнал околу 2:20 часот, откако членот на групата ДНК, Владимир Блажев – Панчо повикал да излезат. Таа и нејзината колешка Марија биле на левиот шанк и во паника се задржале таму околу десет минути.

    Прашана зошто се упатиле кон влезот, а не излегле од задната врата до шанкот, таа рече дека не видела никој да се упати натаму и дека таму било жариштето на пожарот.

    -Бевме на левиот шанк. Од нашата страна и таму каде што се наоѓа таа врата беше жариште не пожарот и сите се упативме на другата страна. Таа врата претходно ја имам видено отворена само за проветрување на просториите, не знам дали таа вечер била отворена, изјави сведокот.

    Таа опиша дека при обидот да излезат веќе било настанато стампедо во кое изгубила свест. Кога се освестила, се наоѓала непосредно пред излезната врата, но не можела да се движи бидејќи на земја имало група мажи кои не реагирале на нејзините повици да помине. По излегувањето, околу 3:10 часот му се јавила на татко ѝ, додека внатре сè уште имало заглавени луѓе. 

    Прочитај повеќе

    СДСМ бара итна собраниска седница по случаите на фемицид и семејно насилство

    24.11.2026 во 12:33

    Месечно трошат по 4.800 денари за цигари: Секој втор возрасен во Македонија е пушач

    24.11.2026 во 12:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.