Четириесетгодишен струмичанец заработи кривична пријава за лихварство и изнуда откако со месеци уценувал,тепал и му се заканувал по живот на сограѓанин за да му врати многу поголема сума пари од позајмената.
„СВР Струмица поднесе кривична пријава против П.С.(40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ и „изнуда“. Пријавениот, во периодот од почетокот на април 2026 до крајот на јули 2026, на лице од Струмица, му давал пари на заем со обврска за враќање на износ, значително повисок од примената сума, а потоа заради наплата на побаруваните пари, му упатувал закани по неговиот живот и животот на неговото семејство, употребувајќи физичко насилство врз него“, велат од полицијата

