Педесетгодишен жител на Штип е лишен од слобода вчеравечер откако неговата 36-годишна сопруга го пријавила за физички напад и закани.
„Вчера во 21:00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода И.И.(50) од Штип,постапувајќи по пријава од неговата 36-годишна сопруга дека во семејниот дом и се заканувал и физички ја нападнал“, информираат од МВР.
По целосно документирање случајот, ќе следува соодветна пријава.

