Шеесет и двегодишен жител на Гостивар заработи кривична пријава за тешка телесна повреда откако физички нападнал маж додека бил на работа.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Н.(62) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка телесна повреда“. На 29.10.2026 во адвокатска канцеларија, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал С.О.(50) од с. Градец додека извршувал работни задачи“, стои во денешниот билтен на МВР.

