Кривична пријава за телесна повреда е поднесена против 23-годишен жител на тетовско село кој по расправија физички го нападнал својот татко.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Р.(23) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 22.09.2026 по претходна расправија во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко“, информира МВР.

