Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ бара итна собраниска седница по случаите на фемицид и семејно насилство

    24.11.2026 во 12:33

    Месечно трошат по 4.800 денари за цигари: Секој втор возрасен во Македонија е пушач

    24.11.2026 во 12:32

    Струмичанец уапсен за лихварство: Се заканувал за наплата на пари

    24.11.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ бара итна собраниска седница по случаите на фемицид и семејно насилство
    • Месечно трошат по 4.800 денари за цигари: Секој втор возрасен во Македонија е пушач
    • Струмичанец уапсен за лихварство: Се заканувал за наплата на пари
    • Крадел кабли од дрвени бандери – дебранец направил огромна штета
    • Потпишал технички извештај за хотел дивоградба во Охрид – кривична за кавадарчанец
    • Родител од Аеродром се јавувал и им се заканувал на родители, наставници и деца
    • Малолетници предизвикале пожар и снимале со телефон
    • Ја тепал и ѝ се заканувал на сопругата: Полицијата приведе насилник во Штип
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ бара итна собраниска седница по случаите на фемицид и семејно насилство

    СДСМ бара итна собраниска седница по случаите на фемицид и семејно насилство

    24.11.2026 во 12:333 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ поднесе иницијатива за итна собраниска седница за заштита на жените и одговорност од институциите, изјави пратеничката Јована Тренчевска.

    Таа вели дека во Македонија жените повеќе не страдаат само од раката на насилниците – страдаат и од институционалниот молк и неказнивост.

    „Сведоци сме на бројни насилства врз жени и убиства, зад кои стојат претходни пријави, барања за помош и институционални пропусти. 17-годишнта девојка Билјана од Богданци – убиена и покрај активната забрана за приближување. Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје – не ја дочекаа помошта, не добија заштита и покрај бројните пријави. Насилникот кој ја претепа до бессознание Сара во Охрид првично беше пуштен да се брани од слобода. Ова не се изолирани инциденти – ова е доказ дека системот не ги штити жртвите. И случаите за кои наводно МВР постапува, не водат до одговорност на високите раководни позиции. Вината е префрлена само врз обичните полициски службеници“, рече Тренчевска.

    Таа потсети дека во последните две години се регистрирани 13 фемициди – 6 во 2025 и 7 во 2026 година.„Во 2025 година во МВР биле евидентирани рекордни 4.745 пријави од жени и поднесени над 1.000 кривични пријави, додека центрите за социјална работа регистрирале 1.754 нови жртви на семејно насилство. Во првите десет месеци од 2026 година, бројот на пријави е зголемен за над 70%, а поднесени се 1.450 кривични пријави – зголемување од 50% во однос на истиот период минатата година, додека Министерството за социјална политика сè уште до денес ги нема јавно објавено полугодишните податоци за 2026 година“, рече Тренчевска.

    Додаде дека до надлежното јавно обвинителство се поднесени речиси 2.500 кривични пријави за овие две години. Но, вели Тренчевска, клучното прашање на кое јавноста сè уште нема одговор, е за колку од нив е поднесен обвинителен акт и има судска завршница.

    „Огромната бројка на пријави не значи ништо ако правдата заглави во фиоките, а насилниците останат неказнети. Наша должност како пратеници, и морална обврска е да застанеме во одбрана на жртвите на насилство, нивните семејства и безбедноста на секој поединец во државата. Затоа, како пратеничка група на СДСМ и коалицијата согласно одредбите од Деловникот, денес поднесуваме Иницијатива за одржување на итна седница на Собранието со присуство на министрите за внатрешни работи, социјална политика и правда и државниот јавен обвинител“, рече Тренчевска.

    Таа додаде дека СДСМ бара итна седница на Собранието, на која без одложување и без политички калкулации ќе се расправа за насилството врз жените и семејното насилство, ќе се бара одговорност од секој кој направил пропуст во постапувањето и ќе испорача конкретни мерки за превенција и заштита.

    „На граѓаните им е потребен функционален систем што штити животи, систем кој ќе им понуди безбедност, и тоа како пратеници мора да им го овозможиме. Затоа ги повикуваме сите пратеници во Собранието, да застанат зад оваа наша иницијатива, да ја потпишат и да се свика итна седница“, рече Тренчевска.

    Прочитај повеќе

    Гаши во официјална посета на Хрватска, ќе се сретне со највисоките државни претставници

    24.11.2026 во 09:45

    СДСМ: Со кои пари е купено ЗОИЛ Македонија и кои проверки се направени за два и пол дена

    24.11.2026 во 09:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.