Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Со кои пари е купено ЗОИЛ Македонија и кои проверки се направени за два и пол дена

    24.11.2026 во 09:39

    Пукање во училиште во соседството: Маж влегол во просториите и пукал во персоналот

    24.11.2026 во 09:31

    Денеска ќе нема струја до 15 часот – најавени неколку исклучувања

    24.11.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Со кои пари е купено ЗОИЛ Македонија и кои проверки се направени за два и пол дена
    • Пукање во училиште во соседството: Маж влегол во просториите и пукал во персоналот
    • Денеска ќе нема струја до 15 часот – најавени неколку исклучувања
    • Нови цени на бензинските пумпи: Еве колку чинат дизелот и бензините од денеска
    • „Добар сум, ништо не ми е, возилото заглави во калта“ – Шилегов ги демантира шпекулациите за наводна сообраќајка
    • Внимавајте: Видливоста на овој патен правец е намалена на само 50 метри
    • Македонија се разбуди во длабок минус: Утрово измерени -10 степени
    • Зимата тропа на врата: УХМР најавува голем пресврт на времето во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Со кои пари е купено ЗОИЛ Македонија и кои проверки се направени за два и пол дена

    СДСМ: Со кои пари е купено ЗОИЛ Македонија и кои проверки се направени за два и пол дена

    24.11.2026 во 09:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За влезот на Алта бака, пералницата на пари на Вучиќ во Македонија мора да има истрага и одговорност. Откако Мицкоски и Славески ѝ ја отворија вратата на Алта банка во македонскиот банкарски сектор, на Давор Мацура му дозволија да влезе и во осигурувањето, преку преземањето на ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето, се вели во соопштението од СДСМ.

    „Со кои пари е купено осигурителното друштво, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло?

    Агенцијата за супервизија на осигурувањето треба да одговори дали проверила можен судир на интереси, кој учествувал во одлучувањето и дали кон Алта осигурување ги применила истите критериуми како кон другите осигурителни друштва.

    До СДСМ стигнаа информации од свиркачи дека барањето за преземање на осигурителното друштво било обработено за само два и пол дена. Ако е така, кои проверки се направени за два и пол дена, кој ги направил и врз основа на кои документи е дадена согласноста?

    Свиркачите наведуваат и дека во трансакцијата наводно посредувала брокерска куќа во сопственост на братот на Дракуловска, претседателката на Советот на експерти на АСО. 

    Дали е ова така?

    СДСМ бара Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и АСО да ја објават целата документација за двете преземања, со хронологијата на одлучувањето, датумите, мислењата, согласностите и имињата на лицата што учествувале во носењето на одлуките.

    СДСМ бара истрага од првиот ден. Мицкоски и ВМРО-ОКГ зборуваат за спас преку продажба на банката. Сакаат да се спасат себе си.

    За ВМРО-ОКГ и Мицкоски, единствениот спас е преземањето на банката за да не се отворат сметките и да не се проверат трансакциите.

    Обвинителот Савески да престане да чека и да постапи по закон, независно“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Ако Мацура работел со руски капитал, зошто Владата на СДС и ДУИ влегла во деловни односи со таа банка

    23.11.2026 во 20:14

    Мицкоски: Ако има иницијатива од опозицијата за предвремени избори ќе ја поддржиме и одиме на избори

    23.11.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.