Денеска времето ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северозападен ветер, кој наместа долж Повардарието повремено ќе се засилува. Утринските температури ќе се движат од -5 до 2 степени, додека дневните максимуми ќе достигнат од 6 до 12 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и постудено време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални -3 до максимални 8 степени.
Според најавите од УХМР, утре утрото ќе биде ведро и студено со минусни температури низ целата земја. Во текот на денот облачноста ќе расте, а од крајот на денот ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилен дожд се очекува во четврток, особено на запад со околу 30 литри на квадратен метар, а во петок на југ и исток со над 20 литри на квадратен метар. Со заладувањето за викенд, врнежите ќе преминат во дожд и снег.

