Петре Шилегов утрово ги демантираше синоќешните гласини за наводна сообраќајна незгода, појаснувајќи преку објава на социјалните мрежи дека неговото возило само заглавило во калта на раскопаните тротоари, по што брзо било извлечено.
Тој наведе дека не се случила никаква несреќа, туку автомобилот шлајфувал во кал, при што веројатно настанала и објавената снимка, додавајќи дека со помош на пријатели и случајни минувачи возилото било ослободено за помалку од десет минути, по што заминале на кафе.
Шилегов упати благодарност до оние што помогнале и до оние што се загрижиле, нагласувајќи дека е добар, дека нема потреба од загриженост и дека автомобилот не е оштетен, освен што ќе треба да се измие од калта.
Во обраќањето тој остро им одговори и на злобните и тенденциозни коментари, порачувајќи дека навредите, љубомората и тврдењата дека бил пијан нема да ја променат реалноста на оние што ги пишуваат, туку ги повика да се посветат на работа на себе и на позитивни вредности наместо на омраза и „мудрување“ на Фејсбук.

