Пукотница се случила утрово во Техничкото училиште во Крагуевац, откако машко лице влегло во објектот и пукало кон персоналот за чистење, неофицијално дознава „Курир рс“, а полицијата го блокирала влезот на училиштето.
Според медиумските извештаи, напаѓачот најверојатно употребил малокалибарска пушка пукајќи кон вработените задолжени за одржување на хигиената кои во тој момент се наоѓале во училишните простории.
Во инцидентот, за среќа, нема жртви, а повеќе детали за настанот се очекуваат во текот на денот.

