Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски: Не сме ние полициска држава

    24.11.2026 во 12:54

    Сите сведоци за Надзорната расправа за Алта банка отидоа на службен пат

    24.11.2026 во 12:41

    Сведок за пожарот во „Пулс“: Жариштето беше кај задната врата, а противпожарни апарати сум видела само во билетарата

    24.11.2026 во 12:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Не сме ние полициска држава
    • Сите сведоци за Надзорната расправа за Алта банка отидоа на службен пат
    • Сведок за пожарот во „Пулс“: Жариштето беше кај задната врата, а противпожарни апарати сум видела само во билетарата
    • СДСМ бара итна собраниска седница по случаите на фемицид и семејно насилство
    • Месечно трошат по 4.800 денари за цигари: Секој втор возрасен во Македонија е пушач
    • Струмичанец уапсен за лихварство: Се заканувал за наплата на пари
    • Крадел кабли од дрвени бандери – дебранец направил огромна штета
    • Потпишал технички извештај за хотел дивоградба во Охрид – кривична за кавадарчанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Не сме ние полициска држава

    Клековски: Не сме ние полициска држава

    24.11.2026 во 12:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски го осуди нападот врз доктор и медицинска сестра од Итната медицинска помош при Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, оценувајќи дека ангажирањето дополнително обезбедување е оправдано на одредени места, но оти не е возможно тоа да биде обезбедено во секоја екипа на Брзата помош.

    Одговарајќи на новинарско прашање за нападот врз доктор и медицинска сестра од Итната медицинска помош, Клековски денеска рече дека нападот е за осуда, но дека не може да се обезбеди физичка заштита на сите здравствени работници во секој момент.

    – Во однос на заштитата на здравствените работници, мислам дека во основа осудата е тука. Ангажирање на дополнително обезбедување можам да кажам дека е оправдано на одредени точки, меѓутоа дека ние ќе имаме обезбедување со секоја брза помош е невозможно, рече Клековски.

    Тој посочи дека и додека бил директор на Фондот за здравствено осигурување, го пренасочил сопственото обезбедување во Букурешт, во Комисијата за боледувања, бидејќи, како што рече, членовите на Комисијата биле постојано под притисок од незадоволни пациенти.

    – Сметав дека таму е потребно поголемо обезбедување отколку тоа што ми е потребно мене. Значи, да, можеме да обезбедиме некои точки, меѓутоа, не можеме сите точки, не можеме да ја претвориме државава во полициска држава, истакна министерот.

    Нападот врз докторот и медицинската сестра се случил на 21 ноември, околу 17:30 часот, пред Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, додека биле на работното место и се подготвувале да заминат на теренска интервенција. Според објавените информации, во нападот учествувале татко и син, а двајцата здравствени работници се здобиле со телесни повреди.

    Лекарската комора најостро го осуди нападот и побара од надлежните институции итно да го расчистат случајот и да ги санкционираат сторителите, а најави и правна и психолошка поддршка за повредените колеги.

    Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита побара итно расчистување на случајот и преземање конкретни мерки за поголема безбедност на здравствените работници на работните места и при извршувањето на теренските задачи.

    Прочитај повеќе

    Сите сведоци за Надзорната расправа за Алта банка отидоа на службен пат

    24.11.2026 во 12:41

    Сведок за пожарот во „Пулс“: Жариштето беше кај задната врата, а противпожарни апарати сум видела само во билетарата

    24.11.2026 во 12:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.