- ОЈО: Уапсени седум лица и запленети 100 сервери во меѓународна операција против криминална мрежа
- Клековски: Се подготвува нов Закон за лековите
- УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Ѓуриште
- Мицкоски на средба со Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
- Над 94% од броилата редовно се читаат, се подготвува воведување на паметни броила
- Клековски: Регистриран е петтиот случај на морбили во Македонија
- МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година
- (ФОТО) Тошковски: По повеќе од 15 години базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
Author: Author 04
Во импровизираната судница во затворот „Идризово“, денеска продолжи судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Преживеаните гости и вработени пред судот ги опишаа моментите на ужас кога во објектот, каде животот го загубија 63 лица, настанал хаос и стампедо. Сведокот Мартин Китанов раскажа дека бил притиснат од толпата и губел здив. „Се сетив на моите две деца и добив сила да продолжам да дишам, додека луѓе се обидуваа да ме извлечат“, рече тој. Слично искуство сподели и Иван Данаилов, кој опиша како луѓето паѓале едни преку други на излезните скали, додека Тоше Трендафилов сведочеше за тешките физички повреди и…
Вчера во 18:12 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода П.М.Ф.Б.(29) од Камерун, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил туѓа француска лична карта, која евидирала како предмет на потрага од Интерпол. По извршената проверка констатирано е дека тој бил регистриран во Прифатниот центар- Визбегово, а изјавил дека француската лична карта ја набавил од едно лице од Скопје за сума од 1000 евра. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Министерството за внатрешни работи ја објави листата на прекршоци кои се санкционираат преку системот „Безбеден град“, како и висината на предвидените глоби. Целта на овој проект е зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите. За пребрзо возење во населено место, казните се движат од 15 евра за надминување до 10 km/h, па сè до 300 евра и забрана за управување до една година за оние кои возат над 30 km/h од дозволеното. Надвор од населено место, казните се движат од 20 до 300 евра. Поминувањето на црвено светло чини 250 евра и губење на дозволата до една…
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, утре ќе биде неработен ден за припадниците на српската заедница во земјава. На 27. јануари се слави Свети Сава – националниот празник на српската заедница кој традиционално се одбележува со низа пригодни манифестации.
Европската Унија мобилизира итна помош за Украина во вредност од 3,7 милиони евра, откако масовните руски напади врз енергетската мрежа оставија милиони цивили без греење на температури од -10 степени. Како што пренесува ДПА, новата пратка содржи 447 генератори кои се од критично значење за преживување на зимата. Комесарката на ЕУ, Хаџа Лахиб, упати остри критики кон Москва, нагласувајќи дека нападите се намерно насочени да го скршат украинскиот дух преку лишување од основните услуги во најстудениот период од годината. Генераторите се наменети за болниците, прифатилиштата и клучните државни служби кои мора да останат функционални и покрај постојаните ракетирања.
Во СВР Велес синоќа било пријавено дека во 19:45 часот на Детското одделение во Општа болница Велес било донесено починато шестогодишно дете од Градско, кое имало здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес, информираат попладнево од СВР Велес. По насоки на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска упати жестоки критики до опозицијата откако СДСМ и ДУИ гласаа против измените на Законот за прекршоци. Според Мицевски, овој „политички брак“ директно ги загрозува животите на граѓаните со тоа што се обидува да го сопне проектот „Безбеден град“. „Денеска на дело го видовме сојузот на СДС и ДУИ кој е против редот и безбедноста. Тие гласаа против системот кој веќе докажа дека може да ги преполови сообраќајните прекршоци само за еден ден“, порача Мицевски. Тој потенцираше дека и покрај нивниот отпор, законот е изгласан со двотретинско мнозинство, со што патот за автоматско казнување е…
Густ црн чад денеска се крена над центарот на Скопје, предизвикувајќи паника кај граѓаните. Пожарот избувнал во импровизирана автомеханичарска работилница во непосредна близина на Тутунскиот комбинат. Благодарение на брзата реакција на скопските пожарникари, огнот е локализиран пред да се прошири на околните објекти.На терен излегле три противпожарни возила и тим од 10 пожарникари кои успеале за кратко време да го совладаат огнот. Иако чадот можеше да се види од речиси сите делови на главниот град, за среќа, инцидентот заврши само со материјална штета. Нема повредени лица, а пожарникарите останаа на терен до целосно расчистување на згариштето.
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Т.(46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”. Пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, а со намера да прибави противправна имотна корист, нанел штета од 5.453.7000 денари или 88.678 евра на РЕК Битола. Имено, тој извршил промена на две барања од РЕК Битола (рудник Суводол) до фирмата за набавка на ролни за јаглен за репарирање…
Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција ја информира јавноста дека до Министерството за внатрешни работи е доставена најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој е најавен да започне на 26.01.2026 година од 12:00 часот. Според доставената најава, протестот е планиран да се реализира на следните гранични премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато. Протестот ќе се манифестира со ограничување на сообраќајот за товарни моторни возила, односно со затворање на коловозните ленти и терминалите наменети за товарен сообраќај, додека патничкиот сообраќај ќе се одвива непречено…
