- Скопјанка со години трпела голгота – Сопругот ја истепал и избркал од дома
- Ноќен инцидент во Скопје: Ѝ го полиле автомобилот со запалива течност и го запалиле
- Скопјанка се јавила во полиција: „Другарката ме нападна во такси”
- Хорор за малолетничка од Македонија: Мајка и прекршила судска одлука и ја претепала
- Драма во Скопје: Свекрва си ја пријавила снаата во полиција
- Големи температурни разлики низ Македонија – УХМР ги измери утринските температури и најави пресврт
- Експерти од Македонија и Словенија на иста маса – Нови можности за лекување на Паркинсон и Алцхајмер
- Ќе остане запаметен меѓу студентите и колегите – Комеморација за Зоран Велковски кој го посвети животот на науката
Author: Author 04
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против екс-директорот на Онкологија, Нино Васев и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување. Рочиштето помина во знакот на емотивни сведоштва на членови на семејствата на починати пациенти, кои ги опишаа последните денови и терапиите примани на Клиниката. Додека двајца од оштетените се приклучија кон кривичниот прогон и најавија отштета, еден сведок изненади со својата изјава. Тој рече дека ниту бара отштета, ниту сака прогон, бидејќи смета дека терапијата на Васев ѝ го продолжила животот на неговата сопруга. „Мое лично мислење е дека многу пократко ќе завршеше нејзиниот живот ако останеше да…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.К.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Пријавениот, со пушка, која ја поседувал без дозвола, упатувал закани на неговата сопруга и неговите деца. По преземени мерки, полициски службеници од него одзеле пушка калибар 9 мм и 71 куршуми.
Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(19) од село Арачиново, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 19-годишната А.И., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, известија од полицијата. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Вчера во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од с.Спанчево, додека со телесни повреди се здобиле тројца 16-годишници од с.Чешиново, с.Спанчево и с.Кучичино и 14-годишна малолетничка од с.Чешиново, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.
Вчера во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице. Тој насилно го турнал момчето во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило. Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Кавадарчанка била измамена преку СМС порака, за лажен прекршок и наплатиле близу 500 евра, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Вчера попладне во 15:45 часот во ОВР Кавадарци, 43-годишна кавадарчанка пријави дека на 20.01.2026 била измамена за сума од 29.930 денари. Според пријавеното, на нејзината електронска адреса добила лажна порака во име на Оддел за моторни возила при МВР за сторен сообраќаен прекршок и со насоки за електронско плаќање на казната, по што се регистрирала според дадените инструкции и ги оставила своите лични податоци, соопштија од СВР Велес. Како што било пријавено, подоцна добила известување дека од нејзината…
Вчера во 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Т.С.(57) од с.Идризово, скопско, Според пријавеното, тој претходно се заканувал на 26-годишен маж од скопско, поранешно партнер на неговата ќерка, барајќи да му врати сума пари што наводно ги давал за кирија, за поправки на автомобил и за други трошоци додека сите тројца живееле заедно во изнајмен стан во населбата Карпош. Имено, по пријавување на настанот и по известување на надлежен јавен обвинител, земен е записик за примање на пријава за кривично…
Вчера во 13:50 часот во населба Домачки дол, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Т.А.(59) од Крива Паланка. Претходно, тој со патничко возило „опел“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано возило. По извршен преглед е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик. Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10.07.2025 остварила телефонска комуникација со едно лице на телефонскиот број кој го користи нејзиниот брат и му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле предвидени и преземени по оперативна…
Македонскиот енергетски пазар влегува во нова, модерна фаза на развој. Со потпишувањето на договорот меѓу националниот оператор МЕМО и словенечката енергетска берза БСП, официјално започна имплементацијата на пазарот во тековниот ден (Intraday Market). Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека ова е клучен чекор кон европско усогласување на нашиот енергетски систем. Според неа, овој пазар ќе овозможи поголема стабилност и подобро управување со енергијата во реално време. „Македонија не чека. Македонија се интегрира. Преку вакви конкретни проекти ја градиме енергетската иднина на државата со јасна визија и одговорност“, порача министерката Божиновска.
