- Имаат осум заеднички квалитети: Какви се луѓето родени во ноември?
- Две години ја следел и вознемирувал: Кривична пријава за 40-годишен маж
- Голема излезност на изборите во САД: Над 43 милиони Американци гласаа пред изборниот ден
- Трамп: Не сакам да убијам многу луѓе во Иран по меѓуизборите во САД
- Хоџа – Палминтери: Продлабочување на партнерството со Италија во областа на животната средина
- Малолетник со родител повикан во полициска станица, тепал 18-годишник
- Ѓорѓиевски: Ќе градиме две нови училишта во Ѓорче Петров и Драчево
- Жерновски: Алта банка е дел од бизнис шемата на Мицкоски и Вучиќ, a граѓаните ги плаќаат последиците
Author: Author 04
Владата во Белград денеска ја усвои изменетата Одлука за формирање на Координативно тело за процесот на пристапување на Србија кон Европската унија. Станува збор за нов оперативен тим кој ќе го сочинуваат претставници на највисоко државно ниво. Главната улога на ова тело ќе биде координирање на забрзаното спроведување на сите обврски од европската агенда. Како што соопштија од српската влада, задачата на тимот е да обезбеди стратешки насоки и политичка координација за навремено решавање на клучните прашања во преговорите. Овој тим ќе функционира како директна врска помеѓу донесувањето одлуки на највисоко ниво и оперативното управување со процесот. Министерството за европски…
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска се обрати на настанот „Соларен ден – чиста енергија во пракса“, организиран од Агенцијата за иновации и научно- технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, по повод 26 јануари –Меѓународниот ден на чистата енергија.Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека одбележувањето на Меѓународниот ден на чистата енергија претставува силен потсетник за заедничката одговорност, но и за стратешката можност што ја има државата во процесот на енергетската транзиција кон одржлив, сигурен и модерен енергетски систем.„Соларната енергија денес е еден од најважните столбови на националната енергетска транзиција. Македонија има сериозен сончев потенцијал и…
Комисијата за одбрана и безбедност денеска одржа работна средба со претставник на Министерството за одбрана, Елај Калиф, и амбасадорката Вивиен Аисен на Државата Израел, на која се дискутираше за соработката во областа на одбраната и безбедноста. Посебен акцент беше ставен на соработката во рамките на НАТО, како и на размената на искуства и добри практики од областа на одбраната.Претставникот на Министерството за одбрана на Државата Израел ги презентираше глобалните безбедносни тенденции кои влијаат врз Израел, како и можностите за соработка со земјите од Балканот и Балтикот. Во тој контекст, беше истакната потребата од започнување структуриран дијалог во областа на одбраната…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ги координираа финалните подготовки за пуштање во функција на системот „Safe City“. Проектот треба да донесе поголема дисциплина на улиците и заштита на јавниот имот.Воведуваме ред, безбедност и модерен сообраќај – градот Скопје ќе има клучна улога во Сејф Сити системот, истакна Ѓорѓиевски. Денес одржавме значаен координативен состанок со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, како и со експерти од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјалното пуштање во функција на Сејф Сити системот, посочи Ѓорѓиевски. „Градот Скопје ќе има силна и активна улога во…
Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд…
Град Скопје од денеска започна со постапка за присилна наплата на долговите за данок на имот за 2021 година. Како што информираат од градската администрација, веќе се изготвени и доставени решенија за забрана на средства до деловните банки за 16.372 даночни обврзници, додека преостанатите 23.209 решенија ќе бидат испратени до крајот на неделава. Според официјалните податоци, долгот по овој основ не го подмириле 37.655 физички лица и 1.926 правни лица, а вкупната вредност на неплатените обврски изнесува над 148 милиони денари. Од Градот потсетуваат дека јавниот повик за доброволно подмирување беше упатен уште во декември, по што 830 обврзници ги…
Вчера во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш. Со нив се извршени службени разговори во присуство на родители, при што го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Фатих Улусој, на која беа разгледани можностите за унапредување и продлабочување на билатералната соработка, со посебен фокус на областа на животната средина. На средбата, министерот Хоџа изрази искрена благодарност за долгогодишната и континуирана поддршка што Република Турција ѝ ја дава на Република Северна Македонија уште од нејзиното осамостојување, потенцирајќи ја важноста на партнерството меѓу двете земји во реализацијата на заеднички иницијативи и проекти. Соговорниците разговараа и за претстојниот Форум за води, кој ќе се одржи на 5 и…
Денес, во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари официјална средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој. На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка во повеќе области од заемен интерес, при што беше истакната важната улога на Република Турција како членка на НАТО и нејзиниот придонес во зачувувањето на мирот и стабилноста, како на регионално, така и на глобално ниво, особено во делот на безбедноста. Исто така, беа разгледани можностите за продлабочување на економската соработка и зголемување на турските инвестиции во земјата, кои се очекува да се…
Утрово во 03:15 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода И.Ј.(39) од Турција, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, кое го управувал. Тој е предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
