- Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
- Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
- Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
- Земјотрес ја погоди Србија
- Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
- Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
- Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
- Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
Author: Author 04
Вчера во 22:50 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ѓ.С.(23) од Скопје, поради тоа што при извршен претрес со судска наредба во неговиот дом во Скопје, на подрачјето на Центар, пронајдени се и одземени марихуана, дигитална вага, пиштол, рамка со куршуми, пари и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати остри критики до Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и неговиот претседател Слободан Трендафилов. Според Манасиевски, синдикатот работи по директни насоки на СДС, наместо да ги штити правата на работниците. „На ССМ и Трендафилов уште малку им фали за да се официјализираат како орган на партијата СДС. Поврзаноста не е од денес, туку од поодамна. Впрочем, СДС преку Јованка Тренчевска го постави Трендафилов за претседател. Тие се вклучуваат како на приклучок кога СДС е во опозиција, а се исклучуваат кога се на власт“, истакна Манасиевски. Тој потсети на периодот кога…
Вчера во 22:40 часот на излез од с.Ратавица кон с.Трипатанци, пробиштипско, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Ж.К.(57) од с. Трипатанци.При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „Југо“ без регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано дека го управувал возилото без да се стекне со право на управување на возило од Б категорија. Известен е јавен обвинител и по негова насока возилото е привремено одземено.
Со порака за достоинство и заедништво, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски се поклони пред делото на Гоце Делчев, нагласувајќи дека во тежината на историјата, македонското име отсекогаш било искушение, но и светилник. Вечна ти слава, Гоце Македонецу!, рече Ѓорѓиевски. „Денес, кога оддаваме почит на 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, неговото дело одѕвонува посилно од било кога. Неговата борба беше борба за суштината, за идентитетот, за правото на Македонецот да биде свој на своето. Во тежината на историјата, македонското име секогаш било искушение, но и светилник“, истакна градоначалникот. Ѓорѓиевски посочи дека Гоце бил визија пред времето. „Храброст што…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, испрати порака со оддавање почит кон делото на македонскиот револуционер и визионер, Гоце Делчев. “Денеска одбележуваме 154 години од раѓањето на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, еден од визионерите кој ги постави темелите на македонската државотворност. Делата на Делчев се нашиот потсетник дека Македонија се гради со храброст, солидарност и заедништво. Неговата порака за “светот како поле за културен натпревар на народите“ и денес е јасен повик дека Македонија мора да оди напред, кон модерна, просперитетна и европска држава, а не назад во изолација. Во време кога државата повторно се…
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници кои имаат обврска за поднесување месечни пресметки за интегрирана наплата (МПИН) дека пресметките доставени по електронска пошта се обработуваат, но поради зголемениот прилив на МПИН пресметки, од моментот на доставување до нивната обработка и добивање на декларацијата, просечно поминува еден работен ден. Со цел побрза и поефикасна обработка, УЈП ги охрабрува даночните обврзници да поднесуваат само една МПИН пресметка и да не ја испраќаат истата повеќепати. Повеќекратното доставување не го забрзува процесот, туку создава дополнително оптоварување и го успорува текот на обработката. Од УЈП апелираа даночните обврзници да имаат разбирање и да почекаат…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оддаде почит по повод 154-годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев. Денес го одбележуваме денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, човек којшто оставил нераскинлива трага и денес се сеќаваме и исполнуваме на неговото дело коешто го направил и за македонскиот народ но и за Македонија како држава, но и генерално за сите граѓани, рече Мицкоски. „Неговата борба за независна македонска држава, за држава во срцето на Балканот, јас би рекол е епска, за жал прерано го загубил својот живот на 31 година, имал уште многу што да каже доколку преживеел, но за…
Естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цахна, предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин планира да испрати стотици илјади поранешни војници, меѓу кои затвореници и силувачи, за да предизвикаат хаос низ Европа по евентуален прекин на огнот во Украина. Цахна предложи целосна забрана за влез на руските борци во Шенген зоната, како одговор на плановите на Кремљ за хибридна војна. „Русија веќе користи различни луѓе за да ги нападнат нашите општества, но кога ќе има мир, стотици илјади поранешни борци ќе дојдат во Европа. Тие дефинитивно не доаѓаат со добри намери да плаќаат даноци, туку да извршуваат напади. Тие имаат лошо…
Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги минатата година поднесе вкупно 213 кривични пријави против 443 физички и 160 правни лица до Основното Јавно Обвинителство и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Притоа, во 196 случаи е утврдена штета врз Буџетот од 102 милиони денари. Бројот на поднесени кривични пријави е зголемен за повеќе од двојно споредбено со 2024 година, кога бeше поднесена 91 кривична пријава, при што најголем дел од поднесените кривични пријави, дури 80 проценти, беа евидентирани од октомври. За неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги се спроведени истраги и поднесени се седум…
На 04.02.2026 околу 00:30 часот на ул.„Едип Папранику“ во Дебар, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато ги лишиле од слобода А.Л.(28) и А.Л.(23) двајцата од Дебар. Претходно, тие го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со неколку други лица, при што А.Л.(28) со тврд предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија, а потоа побегнале. Набргу, по преземени мерки, било запрено патничко возило „опел корса“, управувано од 28-годишниот А.Л., а сопатник бил 23-годишниот А.Л. и при извршени проверки е констатирано дека 28-годишниот возач го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека…
