Author: Author 04

Вчера во 22:33 часот во СВР Скопје 49-годишен маж од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар, настанал пожар пред влезната врата од неговиот стан. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од пријавителот и неговиот сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера околу 20:50 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријави дека во домот на нејзиниот партнер Љ.З., на подрачјето на Кисела Вода, тој и го одзел мобилниот телефон, физички ја нападнал и со употреба на остар предмет и упатил закани, а подоцна во дворот со тврд предмет и го оштетил возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска на прес конференција го промовираше новиот модул за електронска евиденција за елективни хируршки интервенции во јавните здравствени установи, со кој на јавен портал е достапна листата на закажани елективни хируршки интервенции. -     Првпат воспоставуваме ред и јасен протокол на транспарентен начин да се води електронска евиденција на закажаните интервенции. Целта е секој пациент да ја добие услугата по принцип „прв дојден, прв услужен“. Порталот овозможува пребарување и приказ на податоци преку повеќе комбинирани параметри за да биде корисен и за граѓаните и за креаторите на политики. Корисниците на јавниот портал можат да пребаруваат по: специјалност…

Повеќе

Црква стара повеќе од пет века во романскиот град Чеху Силванеи делумно се урна синоќа, предизвикувајќи паника меѓу локалното население. Во инцидентот е повредена полицајка, која во моментот на уривањето одела кон блиската полициска станица. Според првичните информации, се урна кулата на Реформираната црква висока 40 метри, која била во фаза на реновирање. Иако работниците забележале пукнатини уште во петокот и ги запреле работите за да постават потпорни греди, конструкцијата не издржала и се урнала во вторникот навечер. Полицајката се здобила со полесни повреди обидувајќи се да избега од бучавата и урнатините, по што била пренесена во болница, но набргу…

Повеќе

Вчера во 07:15 часот, во СВР Велес, 60-годишна велешанка пријавила дека фирмата каде работи била оштетена за 21.111 евра.  Имено, фирмата извршила уплата на средствата по фактура кон деловен партнер, но откако добиле порака на електронската адреса дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и деловните партнери и утврдиле дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата биле уплатени на друга сметка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Повеќе

Вчера околу 10:55 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово- Скопје, во с.Љубодраг, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(47) од с.Љубодраг, кумановско и патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(51) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „шкода“, додека со телесни повреди неговите сопатници Т.Р.(49) од Куманово, М.Ј.(49) од с.Черкези, кумановско, возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка О.Ц.(45) од Куманово. При извршен увид од увидна екипа на СВР Куманово и проверка е констатирано дека возачот…

Повеќе

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Л.(24), А.А.(32), А.А.(38), Д.И.(18), А.М.(35), 17-годишник и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје и А.К.(45) од с.Морани, општина Студеничани, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Времето утре облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег, информираше УХМР. Наредните неколку дена следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m² , а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на…

Повеќе

Од 11:30 часот започнат е најавен јавен собир на околу 150 лица од ромска националност поради измените на ЗБСП, на крстосница за с. Ореовец на планински превој Плетвар на магистралниот пат А1 Прилеп- Градско, патниот сообраќај е во прекин во двата правци. На блокадата има поставено возила, гуми и други предмети, соопшти АМСМ. Кај Касарната во Кичево блокирана е една сообраќајна лента во правец од Скопје према Охрид, возилата се пренасочуваат преку регионален пат за Осломеј, додека другата сообраќајна лента правец Охрид према Скопје е слободна за движење. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни…

Повеќе

Обилните снежни врнежи кои со недели ја пустошат Јапонија однесоа најмалку 35 човечки животи, додека бројот на повредени се искачи на речиси 400 лица. Властите соопштија дека 126 лица се во критична состојба, а ситуацијата дополнително се влошува со најавите за нов студен бран за време на викендот. Како што пренесува „Скај Њуз“, снежната покривка во некои делови на земјата достигна висина од два метра, зафаќајќи дури 15 префектури. Поради сериозноста на ситуацијата, испратени се специјални оперативни сили во најтешко погодените северни и централни региони. Најголемиот дел од жртвите настрадале при обид да го исчистат снегот од покривите на своите…

Повеќе