Author: Author 04

Вчера во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.М. (24) од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.П. (37) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(35) од Охрид. По преземени мерки, констатирано е дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Исто така,…

Повеќе

Луѓето што вчера протестираа против проектот “Безбеден град”, сликани за време на кампања заедно со поранешниот министер за внатрешни работи, поранешен премиер и сегашен пратеник на СДС, Оливер Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС уште од почнување на тест перидот на проектот “Безбеден град” беа против имплементација на истиот, поради нивни причини кои не заслужуваат ниту коментар. Но, она коешто е сомнително е како баш овие кои протестираат за да возат без возачки, имаат слика во кампања на СДС и нивниот носител на ИЕ 2 Оливер Спасовски. СДС да одговори дали стои зад оние кои вчера бараа да возат без возачка…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Претседателката се заблагодари за гостопримството и за можноста да учествува на престижниот самит, оценувајќи го како исклучително значајна платформа за справување со глобалните и регионалните предизвици и за водење значаен дијалог со истакнати лидери и партнери од целиот свет. Во фокусот на разговорот беа перспективите за продлабочување на билатералната соработка и беше посочена потребата од унапредување на правната рамка. Посебен акцент беше ставен на економските односи и можноста за забрзување на проектите…

Повеќе

Како во мафијашки филм, Македонија ја тресе огромен картелски скандал до 5 тони дрога, излегуваат слики на Мицкоски во друштв со криминалци, видео како Симе пука од автоматска пушка калашников, фрчат криминални тендери…, велат од СДСМ. „И додека ова се случува нема одговори за главните прашања. Како 5 тони дрога поминале граница, кој е замешан, кој ќе одговара? Со денови нема одговори ниту на прашањата за поврзаноста на Симе криминалец уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари кој има албум со слики со Мицкоски. Свиркачи до СДСМ доставија и видео на кое се гледа како Симе пука со…

Повеќе

Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози. Според информациите од АМСМ, на патниот правец Тетово – Скопје има намалена видливост до 100 метри поради појава на магла. На Попова Шапка се бележат врнежи од снег со среден интензитет, кои засега не го попречуваат движењето на возилата, додека на планинскиот превој Пресека има врнежи од лапавица. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а сите патни правци во земјава се проодни. На граничните премини нема задржувања за влез или излез од државата. Од АМСМ апелираат до возачите за внимателност и прилагодена брзина,…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во 16:45 часот ќе одржи средба со претставниците на Синдикатот на УПОЗ. Состанокот доаѓа откако Синдикатот ја оцени како прифатлива владината понуда за раст на платите, за која веќе се вршат внатрешни консултации низ синдикалните организации. Претходно, предлогот на Владата доби поддршка и од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), предводена од Благоја Ралповски. Премиерот истакна дека извршната власт веќе има подготвено формула за етапно зголемување на примањата во јавната администрација, која според него, нуди поголем раст отколку самото усогласување со минималната плата. Мицкоски вчера потврди дека дијалогот трае подолго време и дека Владата е подготвена за…

Повеќе

Повеќе корисници во Скопје и околината денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во периодот од 9:00 до 11:00 часот, струја ќе немаат дел од потрошувачите на улицата „Струма“ во општина Карпош. Во истиот овој интервал, без напојување ќе бидат и корисниците на Булевар „Јане Сандански“ бр. 30 во општина Аеродром. Дополнително, прекини се најавени и во општина Илинден. „Без електрична енергија од 8:30 до 13:30 ќе останат и дел од корисниците на ул. 8 и 11 Белимбегово во општина Илинден“, стои во соопштението од ЦУК. Овие прекини…

Повеќе

Македонија денеска останува под влијание на облачна маса која ќе донесе врнежи од дожд, особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 20 l/m². Според УХМР, на повисоките планини во северозападниот дел од земјата врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите денеска ќе се движат во интервал од 3 до 7 степени во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнат до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен дожд и максимална температура до 13 степени. Од УХМР најавуваат дека ваквото време ќе се задржи…

Повеќе

Германската економија се тресе од темел откако индустрискиот гигант „Бош“ ја официјализираше одлуката за реструктуирање која ќе остави без работа околу 20.000 луѓе. Овој потег доаѓа како резултат на преполовениот профит на компанијата во изминатата година, што дополнително го потврдува слободниот пад на германскиот производствен сектор. Кризата веќе се чувствува низ целата земја – стапката на невработеност во Германија достигна 6,6 проценти, ниво што не е видено повеќе од една деценија, со над три милиони невработени лица. Извршниот директор Стефан Хартунг ја оцени 2025 како „исклучително тешка година“, признавајќи дека економските притисоци го клекнаа на колена некогашниот симбол на моќта.

Повеќе