Вчера во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.М. (24) од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.П. (37) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(35) од Охрид.
По преземени мерки, констатирано е дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Исто така, и Ј.П. има една забрана за управување со моторно возило за „Б“ категорија.
Известен е јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на В.В.М. и Ј.П. и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило“.
- Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
- Пресс24 дознава: Полицијата уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров
- Со остар предмет ја нападнал вонбрачната сопруга, приведен маж од Гостивар
- Автомоибил удрил во жена, починала на скопските клиники
- Значењето може да ве изненади: Седум најчести соништа
- Холандија нема да учествува на Евровизија и во 2027 година
- Прво интервју по изборниот пораз: Вучиќ ја нарече актуелната состојба „ноќна мора“, но верува дека Србија ќе се разбуди
- Моџтаба Хамние: Иран и натаму управува со Ормуската теснина

