Author: Author 04

Денес во Општина Кисела Вода беше потпишан трипартитен меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода, ООУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево и Обединета Македонска Дијаспора – Подружница Македонија, со кој официјално се воспоставува рамка за унапредување на образованието преку иновативни, инклузивни и холистички програми. Со оваа соработка започнува имплементацијата на проектот „STAR FOR LIFE“. Проектот предвидува обука на наставниците од четврто, петто и шесто одделение, како и директна работа со учениците преку стручни обучувачи, нивни претставници во Македонија, со фокус на една од најчувствителните теми во училиштата – булингот и врсничкото насилство. Градоначалничката заедно со директорот за Македонија и Европа од Обединета Македонска Дијаспора, Гордан…

Повеќе

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, упати остри критики до претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, нарекувајќи ги неговите постапки „обичен театар наменет за јавноста“. Реакцијата доаѓа по објавата на Трендафилов дека чека претставник на Владата во просториите на Синдикатот, иако, според Манасиевски, состанокот со гранковиот синдикат УПОЗ веќе бил однапред закажан. „Со ова се потврдуваат сите наши тези дека барањата на Трендафилов имаат политичка позадина и дека зад неговото раководење со ССМ стојат СДС и Левица“, истакна Манасиевски. Тој обвини дека на првиот човек на ССМ не му е приоритет зголемувањето на платите, туку нанесувањето политичка штета на…

Повеќе

Вчера во 17:20 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ф.Ж.(37) од струшкото село Велешта. При преглед во паркирано патничко возило „дачиа дастер“ со албански национални ознаки, во кое тој се наоѓал, полициските службеници труга, пронашле отворен патнички куфер и ќеса со марихуана, додека во багажниот простор биле пронајдени пакување со бела прашкаста материја, два пиштоли, 105 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети. Пронајденото било одземено и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Со наод на вешто лице и извршено пребарување во деловен објект, утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница, соопштија од електродистрибуција. „Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје. Констатирано е: – Противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција. – Деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини.…

Повеќе

Експлозивна направа е фрлена врз семејната куќа на балканската ѕвезда Здравко Чолиќ во населбата Дедиње, објави српскиот портал „Нова.рс“. Според информациите од агенцијата „Танјуг“, од силната експлозија е предизвикана голема материјална штета. Првичните извештаи од теренот потврдуваат дека во инцидентот нема повредени лица. Полициски екипи и дежурен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград се веќе на местото на настанот и вршат увид. Засега се претпоставува дека станува збор за рачна бомба, но истрагата треба да ги утврди мотивите за овој напад кој ја вознемири јавноста. Полицијата работи на идентификација на сторителот.

Повеќе

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска го презентираше Законот за работно ангажирање лица, клучна реформа за сузбивање на сивата економија. Податоците покажуваат дека во земјава има околу 85 илјади неформално ангажирани работници, а новиот закон нуди поедноставен модел за нивна легализација без губење на стекнатите права. „Со овој закон испраќаме јасна порака дека државата е решена системски да ја сузбива сивата економија. Тоа значи поголема сигурност за работниците и предвидлива деловна клима за компаниите“, истакна Дурмиши. Во првата фаза, законот ги опфаќа секторите каде што неформалното работење е најизразено – земјоделството, туризмот и угостителството. Проценките велат дека ќе…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Светскиот самит за влади во Дубаи, каде говореше на панел-дискусијата посветена на новиот логистички поредок. Муцунски ја истакна стратешката позиција на Македонија како единствена држава во регионот каде се вкрстуваат двата клучни европски коридори.Денеска во Дубаи, во рамки на Светскиот самит за влади, бев говорник на панел-дискусијата „ Следниот логистички поредок: Што мора да се промени?“. Во денешниот глобален политички пејзаж единственото што е предвидливо е непредвидливоста, па затоа наместо да реагираме само кога ќе се појават предизвици, неопходно е да градиме долгорочна способност за адаптација, рече Муцунски.…

Повеќе

Началникот на граничната полиција на преминот „Бајаково“, Лука Домачиновиќ, е лишен од слобода во нова акција на хрватскиот УСКОК. Тој се сомничи дека ја злоупотребил својата позиција за да оствари противправна имотна корист од околу четири илјади евра. Според информациите од хрватските медиуми, Домачиновиќ со месеци се евидентирал дека е присутен на работното место, иако во тоа време бил во својот дом. И покрај отсуството, тој редовно ја подигнувал платата како да бил на должност на еден од најфреквентните гранични премини. Од УСКОК соопштија дека по сослушувањето на осомничениот ќе биде донесена одлука за понатамошните дејствија во случајот, по што…

Повеќе

Австралија денеска зборува за 13-годишно момче кое херојски ги спасило својата мајка, помладиот брат и сестра, пливајќи четири часа во тешки услови за да побара помош. Семејството било однесено далеку од брегот во југозападна Западна Австралија, објави „Гардијан“. Инцидентот се случил во петокот попладне во заливот Географ, во близина на Квиндалуп, каде силните ветрови им ги однеле даските за веслање и надувувачкиот кајак. Момчето првично се обидело да се врати со кајак до брегот, но откако чамецот почнал да се полни со вода, тој храбро испливал четири километри додека не успеал да го вклучи алармот. Веднаш била организирана голема операција…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во гостување на ТВ Алфа обелодени дека во македонскиот сообраќај постојат возачи со двоцифрен број на забрани, додека новиот систем „Безбеден град“ веќе со полна пареа ги лови прекршителите. „Рекордери се двајца возачи кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило“, изјави Тошковски, анализирајќи ги податоците на МВР за последните четири години. Податоците покажуваат дека со две забрани се 7.987 возачи, додека 1.863 лица имаат по три правосилни пресуди. Во однос на тековната состојба со камерите низ Скопје, вчера до 20 часот биле евидентирани 508 прекршоци. Најчестиот прекршок останува пречекорувањето на…

Повеќе