Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Царината во офанзива: Двојно зголемен бројот на кривични пријави, буџетот оштетен за над 100 милиони денари

    Царината во офанзива: Двојно зголемен бројот на кривични пријави, буџетот оштетен за над 100 милиони денари

    04.02.2026 во 11:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги минатата година поднесе вкупно 213 кривични пријави против 443 физички и 160 правни лица до Основното Јавно Обвинителство и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Притоа, во 196 случаи е утврдена штета врз Буџетот од 102 милиони денари.

    Бројот на поднесени кривични пријави е зголемен за повеќе од двојно споредбено со 2024 година, кога бeше поднесена 91 кривична пријава, при што најголем дел од поднесените кривични пријави, дури 80 проценти, беа евидентирани од октомври.

    За неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги се спроведени истраги и поднесени се седум кривични пријави, за криумчарење 40 кривични пријави, за царинска измама 39 кривични пријави, за фалсификување исправа 85 кривични пријави, а за недозволено тргување со оружје поднесени се седум кривични пријави. Поднесени се и кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување, вршење меѓународен јавен превоз без поседување лиценца, како и за избегнување плаќање акциза. Дури 103 од поднесените кривични пријави се поднесени за сторени кривични дела со 232 возила.

    Во текот на предистражните дејствија од страна на службата против економски криминал при проверка на докази за потекло, до странски служби испратени се 450 барања, при што во 223 случаи е утврдено дека доказите за потекло се невалидни. Со странски служби извршена е и 71 проверка на увозни фактури. Дополнително од страна на службата за финансиски истраги отворени се 15 финансиски истраги против 19 физички и девет правни лица, при што целта е детекција и конфискација на нелегално стекнат имот, а со тоа и дестабилизација на криминалните групи.

    Царинската управа продолжува со спроведување засилени контроли и истраги со цел ефикасна борба против криминалот и заштита на финансиските интереси на државата.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.