Author: Author 04

Европската Унија ќе продолжи да обезбедува сеопфатна поддршка на Украина, соопштија денес Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент. „Европската Унија ќе продолжи да обезбедува сеопфатна политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка на Украина и нејзиниот народ. Ние остануваме најголемиот донатор на Украина“, изјавија Антонио Коста, Урсула фон дер Лајен и Роберта Макола во заедничка изјава. Во соопштението се наведува дека ЕУ донирала речиси 200 милијарди евра на Украина од 2022 година. ЕУ: Русија не ги постигнала своите целиЛидерите на ЕУ, исто така, додадоа дека Русија не ги постигнала своите цели, поради што ги напаѓа украинските цивили. „Со…

Повеќе

Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања, велат од СДСМ. „За законот дебатираа само пратениците од опозицијата.  Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата. Има пари за луксузирање на власта, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците. Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите…

Повеќе

Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А.(45) од Скопје пријави дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавал, при што едниот од нив снимал со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.М.(20), М.А.(19) и тројца малолетници, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин. На 09.02.2026 во Прилеп, пријавените влегле во куќата на Е.И. и со употреба на физичка сила од неа одзеле пари, личен накит и други предмети. На 12.02.2026 во Прилеп, пријавените ја пресретнале Е.С., и со употреба на физичка сила од неа одзеле паричник со пари, мобилен телефон и други предмети. Додека, на 15.02.2026 во Прилеп, пријавените со употреба на физичка сила од лице кое управувало велосипед одзеле чанта со…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.А.(64) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 06.02.2026 во двор од семејната куќа во Делчево, пријавената физички нападнала малолетник , кој си играл со нејзиниот малолетен внук.

Повеќе

Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (среда, 25.02.2026 година), без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.Центар (од 07:30 до 15:30 ч.): ул. Никола Тримпаре бр. 15, делови од ул. Мирослав Крлежа (бр. 16-20) и локали на бул. Климент Охридски кај бр. 54. Центар (од 09:30 до 15:30 ч.): ул. Мирослав Крлежа на броевите 52, 54, 56, 58, 60 и 62. Чаир (од 08:00 до 14:30 ч.): Целиот комплекс Retail Point Park. Студеничани (од 09:00 до 13:00 ч.): Дел од с. Студеничани кај месноста Бурдем.

Повеќе

ДИЖС соопшти дека е забележана угината единка Балкански Рис (Lynx lynx), возрасна женка.Балканскиот рис е забележан денеска околу 06.00 часот на патот Охрид – Ресен, на патот кај с. Буково. Надлежните служби извршија теренски увид во соработка со Македонско еколошко друштво и Државен Инспекторат за животна средина. Угинатата рисица ќе биде однесена на обдукција во Скопје на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Скопје, соопшти ДИЖС.

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп постави нов, амбициозен рок за прекин на војната во Украина. Според информации на „Блумберг“, Трамп се обидува да постигне договор пред 4 јули 2026 година, кога САД ќе ја одбележат 250-годишнината од својата независност. Иако за време на кампањата ветуваше мир за само 24 часа, реалноста по неговото враќање во Белата куќа се покажа посложена. Тристраните разговори кои се водат веќе 400 дена сè уште не донеле конечен резултат, па сега Вашингтон врши притисок за договор во рок од наредните четири месеци. Целта на Трамп е прекинот на огнот да биде круна на големата прослава на…

Повеќе

„Со континуираниот раст на минималната плата, државата го штити и вреднува трудот на работниците. Предлог-законот за минимална плата, во износ од 36.960 денари, претставува продолжение на континуираниот раст на минималната плата, што започна системски во 2017 година и кој во изминатите години значително го подобри животниот стандард на работниците со најниски примања“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната комисиска расправа . Тој посочи дека, и покрај законскиот механизам за усогласување на минималната плата со растот на просечната плата и трошоците за живот, реалноста покажува дека динамиката на поскапувањето ја надминува динамиката на законското усогласување. „Најзасегнати од ова се…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ја отвори целосно реконструираната сала „Работнички“ во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во државата. Во рамки на свеченоста се одигра ревијален натпревар меѓу младинскиот состав на КК „Работнички“ и шампионите од Лига Центар од ООУ „Кочо Рацин“, проследен со настапи на хип-хоп групи и богата спортска програма. На отворањето, покрај бројните гости и советниците на Општина Центар, присуствуваа и ветераните на КК „Работнички“, Огнен Герасимовски, Драган Радосављевиќ, Рики Ѓорчевски, Стерули Андоновски, Томе Димишковски, Миро Крстевски, Тихо Матевски, и Перо Антиќ, на кои им беше доделено признанието „Феникс“, симболот на Општина Центар,…

Повеќе