- Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење
- Во Владата состанок за реформската агенда
- Сериозен пожарот во Штип: Едно лице е повредено – ер трактор гасне од воздух
- Драматично во Штип: Беснее нов голем пожар, има повредено лице
- Започна локално невреме во источна Македонија: Дожд и грмежи јужно од Берово
- Судење за пожарот во „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека нема вина
- Дурмиши ги повика компаниите да аплицираат за државна поддршка: Рокот е до 15 јуни
- Трагедија на експресниот пат Прилеп – Градско: Две лица загинаа, едно во тешка состојба
Author: Author 04
Во месец септември 18.247 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 106 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик Во периодот од 01.09.2025-30.09.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 18.247 издадени платни налози, 5.577 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 106 лица, од кои 71 за возење под дејство на алкохол, двајца за претекнување колона возила на непрегледно…
Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави дека освен со Словенија, веќе преговараат и со Италија и со Австрија за да може да се обучи наш кадар. – Тие ќе одат на краток престој таму и мораме паралално да работиме за да можеме да креираме инфраструктуира и човечки капацитети. Исто така дигитализацијата ќе помага за да може нашите доктори, експерти кои живеат надвор од нашата држава да можат да бидат активни и да се вклучат во нашиот здравствен систем. Пак системот мислам дека ќе го реши еден од тие базични инфраструктуирни решенија за комуникација и надвор од државата, да бидат…
Под влијание на циклонска активност подрачјеот на државава е зафатено од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот, соопшти УХМР. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 л/м² дожд. Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка, а поради натамошно спуштање на студен воздух, утре ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Минималните утрински температути ќе се спуштат до…
Вчера во 07:45 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(47) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е кафеава прашкаста материја. Исто така, со издадена судска наредба, извршен е претрес и во домот на 53- годишната Ѓ.Р. од Велес, каде била пронајдена и одзмена дигитална вага, по што, во СВР Велес со Ѓ.Р. бил извршен службен разговор. С.М. е задржан полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ч.Б.(34) од Тетово. Во 15:45 часот, со судска наредба, извршен е претрес во домот и помошни простории, сопственост на Ч.Б. во Тетово, при што се пронајдени и одземени пиштол „екол“ калибар 9мм со една рамка со три куршуми, мобилни телефони, пет клучеви за стартување на возила, разновидни клучеви и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Во организација на Аналитика Тинк Тенк денес во Скопје се одржа регионална работилница на тема „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното здравје во Западен Балкан“. Во дискусијата чествуваше и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која истакна дека образованието е најдобриот механизам за подигнување на свеста кај младите за здравите навики и грижата кон личното здравје.„Нашиот воспитно – образовен систем е структуриран така што здравствената писменост е застапена во сите одделенија во редовните предмети, посебно во „природни науки“, а од оваа учебна година воведовме…
Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош, во поткаст организиран на една од социјалните мрежи, говореше за неговата визија за Карпош. Лукровски говореше за проблемите на граѓаните на општина Карпош, каде што истакна дека проблемите на Карпошани не соодвествуваат на 21 век. „Направивме анкета пред два и пол месеци да ги терминираме проблемите со кои во главно се соочуваат Карпошани. Морам да кажам дека не соодвествуваат на нешто што е одлика 21 век’’, рече тој. Лукровски истакна дека Карпошани ќе ја препознаат новата визија и ќе ја поддржат на престојните локални избори. „Конечно после 30 години многу блиску сме до…
Чест ми е што денес сме заедно со Западнобалканскиот дигитален самит 2025 – место каде не зборуваме само за технологии, туку за тоа како дигитализацијата ја менува иднината на нашите граѓани, бизниси и држави, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Денес живееме во време кога дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и на напредок. Западен Балкан не смее да биде заостанат агол на Европа. Нашата иднина е поврзаност, иновации и знаење, рече Мицкоски. „Овој Самит е симбол на токму тоа – регионот покажува дека знае да работи заедно, дека може да создава заеднички дигитален пазар и дека…
Стојкоски нема реализирано ниту еден капитален проект од средствата кои ги доби од унгарскиот кредит, но и од претходната Влада на СДСМ, истакна во гостување во „Студио 10“ на ТВ24 кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски. – Нема алтернативна сообраќајница, нема решение за притисокот на водата, има само повеќе згради. Во последните 20 години, 16 години во Ѓорче Петров, ВМРО-ДПМНЕ има локална власт, од тие 16 години Стојкоски активно е вклучен минимум 9 години како член и претседател на Совет на Општина Ѓорче Петров, како градоначалник и како пратеник уште две години, вели Ацевски. Ацевски објасни…
Кандидатот за уште еден мандат и актуелен градоначалник на Ѓорче Петров Александар Стојкоски најави изградба на нов дом за пензионери. – Највозрасните сограѓани – нашата сила, мудрост и инспирација за иднината! Најубаво е кога си меѓу луѓе исполнети со животно искуство и мудрост – нивните зборови и предлози секогаш носат вредност и насока. Токму од нив произлезе идеата за нов пензионерски дом ВО Ѓорче Петров, рече Стојкоски. Пензионерскиот дом ќе биде со површина од 1800 м2 и капацитет за сместување од 80 до 100 лица и ќе содржи и заеднички простории за активности околу 200м2. – Продолжуваме да ја негуваме…
