Вчера околу 13:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го приведоа С.В.(45) од Италија.
При гранични проверки и контрола на возило со италијански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, едно кутивче со 60 парчиња муниција и други предмети.
По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
- ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
- Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
- На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
- Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
- Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
- Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
- Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

