Author: Author 04

Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево бил пронајден починат Љ.Т.(68) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денес ги отвори вратите за нова генерација студенти, за сите вие кои верувате дека токму тука ќе добиете знаења, вештини и поддршка за да израснете во лидери кои ќе ја водат Македонија во 21 век. На вистинското место сте, во својата земја, на најстариот универзитет, каде професорите имаат одговори на сите ваши прашања и подготвени се вашиот ентузијазам да го насочат кон дисциплина и одговорност да изградите капацитети за живот во свет што брзо се менува, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во…

Повеќе

При денешната посета на Општина Аеродром, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, ја отвори и темата која, според неа, е од особена важност за граѓаните проблемот со бездомните животни. „Во изминатиот период, низ разговорите со граѓаните, речиси секојдневно го слушаме истиот проблем уличните кучиња. Проблемот е реален и мора да се решава со сериозен, хуман и системски пристап“, истакна Шукова. Таа најави план за изградба на државно прифатилиште со поголем капацитет, кое ќе овозможи поефикасно справување со проблемот. „И покрај активностите на ‘Лајка’, потребен е поголем и одржлив капацитет. Затоа предвидуваме државно прифатилиште кое ќе го адресира проблемот во…

Повеќе

Нашите пензионери од Центар, нашите баби и дедовци добиваат дом за стари лица во Центар!, напиша на својот Фејсбук профил кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски.Многу сум среќен што ова е еден од нашите клучни капитални проекти. Едно од моите ветувања кога станав градоначалник беше да им овозможам достоинствено стареење на повозрасните сограѓани, истакна Герасимовски. „За првпат пред неколку години почнавме да одвојуваме еднократна парична помош за пензионери со пониски примања и во следниот мандат, овој надоместок го зголемуваме, од 2.500 на 5.000 денари. На денешниот Меѓународен ден на стари лица, им се заблагодарив на пензионерите за…

Повеќе

Утрово полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода М.А.К.(18) и М.Ј.(19), двајцата од Република Турција со привремен престој во Гостивар. При претресот на местото кај што престојуваат з што кај е пронајдена и одземена марихуана. – Во периодот од 03:30 до 04:10 часот, со судска наредба извршен е претрес во домот во кој живеат , при што е пронајдена и одземена ќеса со марихуана, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, денешниот Меѓународен ден на старите лица го одбележа со средба со пензионерите од Здружението на пензионери од општината, кадешто ги најави новите мерки што ќе го подобрат квалитетот на нивниот живот, здравјето и благосостојбата. Герасимовски, во рамки на посетата на Здружението, како клучен проект ја истакна изградбата на современ дом за стари лица, со субвенционирана цена од 200 евра во денарска противвредност. „Ова беше едно од главните барања на нашите пензионери. Сите знаеме колку е тешко и скапо сместувањето во приватни домови, затоа се одлучивме за овој чекор што…

Повеќе

Под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 л/м², а локално и над 50 л/м² дожд, соопшти УХМР. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка. Од сабота…

Повеќе

Недостигот на паркинг-места во Карпош одамна не е само технички проблем, туку секојдневен извор на нервоза, губење време и нарушен јавен ред. Сцените се повторуваат секоја вечер, возачи кои кружат во маалата по 15 минути барајќи место, автомобили поставени на тротоари и пешаци кои се принудени да чекорат по коловозите, изложени на опасност. Карпош, кој треба да биде пример за уреден и современ урбан кварт, денес функционира како импровизирано паркиралиштe, вели Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ. -Токму затоа, во нашата програма предвидуваме воведување на системско, долгорочно и зелено решение. Ќе започнеме со изградба на монтажни катни…

Повеќе

На Конвенцијата за презентирање на кандидатите за Градоначалници и општински советници на коалицијата ВЛЕН во Скопје, кандидатот за градоначалник на општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, остро ја обвини ДУИ дека станала симбол и гарант на влезот на српските банки, компании и криминални интереси во средините каде живеатАлбанците. “НЕ, ние не сме предавници – НЕ го поддржуваме Отворен Балкан, НЕ го признаваме Дака Давидовиќ, НЕ продадовме акции на српска банка, НЕ донесовме српско-руски казина меѓу Албанците, НЕ ги легализиравме брзите кредити на Милан Радоичиќ,“ порача Меџити, алудирајќи дека токму ДУИ стои зад овие процеси кои ја…

Повеќе

Ја информираме јавноста дека од 2 октомври 2025 година започнува грејната сезона2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градотСкопје, со кој управува АД ЕСМ. Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може дапочне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешнатемпература за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С. Според податоците одУправата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е прогнозирана среднанадворешна температура од 10˚С со што се исполнети условите за производство, испоракаи снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на Регулаторната комисија заенергетика и водни услуги на РСМ. Исто така, сè…

Повеќе