- Велика Британија со нов пакет санкции кон Русија
- Адријана Јаневска мета на организиран напад: Пејачката ги демантира гласините за советничките функции
- ФОТО: Патот кон Теферич затворен за сообраќај – бидете внимателни
- ДУИ: За Филков, албанскиот јазик во правосудниот испит „не постои“
- Тетово со нови протоколи по серијата закани за поставени бомби во училиштата
- Стабилизирана е состојбата со приватните превозници во Скопје
- Путин дециден: Русија е непобедлива, непријателот нема шанси
- Го нападнала мечка – заради стравот ќе добие 300.000 денари
Author: Author 04
Вчера околу 13:45 часот во СВР Скопје, С.Г.(28) од Скопје пријавил дека кај наплатна рампа Петровец, додека се движеле со службено возило со негови колеги пожарникари, едно лице им упатувало закнаи и со употреба на физичка сила го оштетило нивното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција. Како што е пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денес и утре присуствува на регионална конференција на ИНТЕРПОЛ која се одржува во Глобалниот комплекс на иновации на ИНТЕРПОЛ во Сингапур. Директорот Јанев оствари повеќе билатерални средби со високи претставници од азиските држави како и со раководството на Генералниот секретаријат и Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ. „Со соговорниците разговаравме за унапредување на полициската соработка преку иновативни пристапи, кои се особено значајни во време на забрзани технолошки промени и сè покомплексни безбедносни предизвици. Како потврда на нашите заложби за современо и ефикасно полициско делување, истакнав потреба од нови модели на размена на информации, користење на…
Џиновската пастрмајлија оваа година ќе биде рекордно голема. Николче Малинов кој традиционално ја пригoтвува џиновската пастрамајлија вели дека за првпат ќе се употреби 17 килограми свинско месо, најмногу до сега споредбено со годините наназад. Посочува дека ќе биде направена по стар штипски рецепт и со сечење на истата на шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе се означи стартот на овогодинешното издание на манифестацијата штипска „Пастрмалијада“. -За оваа година подготвивме околу 17 килограми свинско свежо месо, значи рекорд. Лани беше околу 15 до 16 килограми, оваа година се 17 килограми месо. Ќе има околу 25 до 30 килограми тесто и два до три…
Општина Центар ги повикува учениците од општинските основни училишта да аплицираат за стипендии во три категории: спорт, култура и науки, техника, посебни вештини. Како што соопшти Општина Центар, стипендиите изнесуваат од 2.500 до 3.500 денари месечно во зависност од категоријата за која аплицираат, во текот на осум месеци од тековната учебна 2025/2026. -Општина Центар и годинава инвестира во младите, во нивната креативност, знаење и спортски дух. Нивните постигнувања се афирмација не само за нашата локална самоуправа туку и за целата држава, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Секој ученик може да аплицира само во една категорија. Потребно е да се достави потврда…
Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години. Димова треба да плати и судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци треба да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, ги ослободи Димова за делото измама, како и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“. Димова со нестручно и…
Во ОВР – Кавадарци денеска е извршен службен разговор со М.Б., 35-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга, дека во семејниот дом, физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет и дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор. За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес. Локаторот бил одземен, а на М.Б. му била изречена мерка – забрана за приближување.
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова се огласи на Фејсбук по повод грозоморното двојно убиство и самоубиство кои го завија Велес во црно изминатите неколку денови. „Предложив на 1-ви април да превенираме, за никогаш повеќе да не санираме штети кои се ненадоместливи. Кога зборував, молчеа. Молчеа и без аргументи го отфрлија предлогот за електронска нараквица за превенција на жртвите од насилство. Дали денес мирно спиете сите 102 што пратеника што не дадовте поддршка?!? Доволно е“, пишува во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук. На седницата во Собранието, одржана на 1 април, ЛДП поднесе предлог…
Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот. Во меѓувреме креираме и нов Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата посветена на подобрување на урабниот транспорт. “Министерството за транспорт се приклучува кон најголемата европска кампања за подигање на свеста за одржлив транспорт и подобрување на квалитетот на живот во градовите, со што ја потврдуваме нашата посветеност да се движиме во ист правец со најдобрите европски практики.…
Два украински дрона го нападнаа рафинерискиот и петрохемиски комплекс „Газпром Нефтехим Салават“ во републиката Башкортостан, кој е еден од најголемите во Русија, напиша шефот на републиката, Радиј Хабиров, на апликацијата Телеграм. -Го проценуваме обемот на штетата. Моментално го гасиме пожарот. Сите (служби за итни случаи) се на лице место, рече Хабиров. Тој рече дека нема повредени и дека безбедносните сили на комплексот отвориле оган врз дроновите. Во меѓувреме, украинските вооружени сили соопштија дека синоќа нападнале рафинерија за нафта во рускиот Волгоградски регион. Во објава на каналот Телеграм на украинските специјални сили се наведуваат прелиминарни информации дека рафинеријата за нафта престанала…
