- Јаневска од Штип: Потребно е поткревање на квалитетот на високото образование во кое академската заедница ќе покаже проактивност
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Петрушевски: Го разбирам револтот на јавноста откако Груби доби куќен притвор, но тоа е одлука на Обвинителството
- Јошевска-Анастасовска до Филков: Судија не смее да изрече притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор
- Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?
- Од амбициозни реформи до ненадејно повлекување: Директорката на „Лувр“ поднесе оставка
- Велика Британија со нов пакет санкции кон Русија
- Адријана Јаневска мета на организиран напад: Пејачката ги демантира гласините за советничките функции
Author: Author 04
Во периодот од 15-18 септември 2025 година, поранешниот претседател на Република Македонија (2009–2019), д-р Ѓорге Иванов, учествуваше на Осмиот Конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии што се одржа во Астана под покровителство и со претседавање на Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев. Во рамките на конгресот, претседателот Иванов се обрати на панелот „Духовните вредности во ерата на дигитална реалност и вештачка интелигенција“, каде што во своето излагање ја истакна двојната природа на новите технологии и вештачката интелигенција – можностите кои ги создаваат и отвораат, но и предизвиците кои стојат пред духовноста и човечноста. Иванов предупреди дека „вистинската вера не…
Последниот случај со фемицид во Велес покажа целосна неспособност на власта да обезбеди заштита на најважното – човечкиот живот. За сите пропусти на институциите, мора да има политичка и кривична одговорност, се наведува во соопштението од СДСМ. „Министерот Панче Тошковски мора веднаш да поднесе оставка затоа што се покажа неспособен да ја гарантира сигурноста и безбедноста на граѓаните, особено на жените и децата. Наместо институција која треба да заштити човечки животи, Тошковски го претвори МВР во партиски сервис кој ги штити интересите на власта и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ. Скандалозните измени на Закон за полиција и Закон за внатрешни работи…
Демократската унија за интеграција го смета за неприфатлив и опасен популистичкиот јазик и празните напади на премиерот Христијан Мицкоски кон ДУИ и нејзините претставници, се наведува во денешното соопштение на партијата. „Наместо да се занимава со неисполнетите ветувања на неговата влада и со скандалите кои ја оптоваруваат актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот избира да ја дезориентира јавноста со празни и неосновани обвинувања. ДУИ била и останува главната сила која обезбеди политичка стабилност, членство во НАТО, започнување на преговорите со Европската Унија и изградба на стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави. Наместо да ги почитува овие достигнувања, Мицкоски продолжува со раздорна…
Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата. Додека од граѓаните бараат и собираат донации, врвот на Левица тие пари ги ставал во нивни џебови, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Мојсоска која не престана да ги напаѓа пратениците за патни трошоци, за четири години од Левица си инкасирала над 600 илјади денари. Додека во Собрание Мојсоска ги напаѓа и обвинува колегите пратеници зошто законски добиваат патни трошоци, таа од 2021 година до денес, од својата партија зела стотици илјади денари. Ова лицемерие на Мојсоска и Левица, кога едно…
Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица — еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Богородица е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар. Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и…
Утрово е најстудено во Берово, еден степен, а максимални 16 степени се измерени во Гевгелија. Како што информира УХМР, до 8:30 часот утрово се измерени и 3 степени во Лазарополе, 4 во Попова Шапка, 5 во Крива Паланка и Битола, 6 во Маврови Анови, 7 во Тетово, Струмица и Крушево, 8 во Штип, Прилеп, Демир Капија и Претор, 9 во Скопје – Петровец, 10 во Куманово и Виница, 11 во Охрид, 12 во Скопје – Зајчев Рид и 13 во Велес. Времето денеска ќе биде сончево, со слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе…
Времето утрово е ведро и посвежо, преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа, долж Повардарието, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје денеска ќе биде сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 30 степени. Според прогнозата на УХМР, во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.
Вчера во 15:55 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, од приватна болница во градот е пријавено дека кај нив со повреди е донесен 46-годишниот М.А. од Република Турција, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за приватна фирма на автопатот Гостивар – Кичево. Се работи на расчистување на случајот.
Вчера во 20:50 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола–с.Маково, мотоцикл управуван од 14-годишна малолетничка од с.Новаци, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.П.(43) од Куманово, вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353, против Ф.Т. (29) од Куманово, вработен како контролор во станица за технички прегледи во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „употреба на исправа со невистината содржина“ по член 380, против Б.П.(35) од…
