- Филипче: Има незадоволство во ЗНАМ поради однесувањето на антинародна и криминална власт
- Ивица Дачиќ се бори за живот: Ставен е на респиратор
- 21-годишен скопјанец натепан во Гази Баба
- Синот на Балашевиќ, чека син
- Конечно стабилизација на времето: Сончево до крајот на неделава
- Македонија гласаше „за“ во ОН: Бараме итен и праведен мир во Украина
- Зеленски со остра порака: Јазот со Русија е преголем, пријателство нема да има уште долго
- Дилер од Охрид падна во рацете на полицијата
Author: Author 04
Вчера попладне околу 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Његошева“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(46) удрило во 69-годишната В.Д., по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. По преземени мерки, возачот е пронајден, со него бил извршен службен разговор и известен е јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изнесе сериозни обвинувања за начинот на кој функционирало Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Според него, институцијата работела под директна насока на Зоран Заев и Оливер Спасовски, а врз обвинителите бил вршен жесток притисок за тоа кои лица треба да бидат опфатени со истрагите. Манасиевски се повика на сведоштвото на поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, која тврди дека била отстранета од работа бидејќи одбила да ги прошири обвиненијата по желба на тогашен советник на Спасовски. Манасиевски во своето обраќање истакна: „Советник на Оливер Спасовски во канцелариите на СЈО и кажал на обвинителката…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати обвинувања до поранешното раководство на СДСМ, тврдејќи дека подзаконските акти за производство на медицински канабис биле намерно донесени во колизија со законот. Според него, целта на ваквиот спорен Правилник била да се овозможи неконтролирано производство кое не ги исполнува меѓународните ГМП норми. Петрушевски нагласи дека лиценците биле резервирани исклучиво за лица блиски до Зоран Заев и Венко Филипче. „Дека ова било планирано, се гледа во Правилникот донесен во времето на СДС, кој дозволува производство на цвет од канабис што не задоволува ГМП норми. Логично е дека маслото произведено од ваков цвет не може…
Опозициската СДСМ денеска повторно упати низа прашања до Владата во врска со заплената на 5 тони марихуана во Србија, за која постојат сериозни индиции дека потекнува од Македонија. Портпаролката Богданка Кузеска на денешната прес-конференција истакна дека веќе 11 дена нема одговор на клучното прашање – како толкава количина дрога поминала преку македонската граница. Според Кузеска, молкот на институциите е индикатор дека скандалот води до врвот на власта. Таа го обвини премиерот Мицкоски за обиди за дефокус преку лицитирање со бројки на запленета дрога во земјава. Кузеска во своето обраќање нагласи: „Дали сите фирми се нелегални? Тоа ли го порачува Мицкоски?…
Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против М.С. на работно место советник за управни работи за Штип во Одделението за управни работи Штип при Одделот за граѓански работи, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик. Пријавениот М.С. во период од 01.01.2025 до 30.06.2025 присвоил пари доверени во службата, така што во повеќе наврати од граѓаните-баратели на услуги за издавање на патна исправа, искористувајќи го нивното непознавање на законските прописи во МВР, барал од истите…
На 10/11.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.С.(30), Б.Е.(38), А.Х.(25) и Д.С.(26), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.С.(62) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, во својство на директор на Јавно – комунално претпријатие „Брегалница“ од Делчево, без нивно знаење и согласност, на шалтер во експозитура на банка во Делчево на 03.09.2025 на две лица – вработени во претпријатието со лични средства извршил уплата на уплатници на износи од 15.374, односно 35.535 денари. На тој начин, тој нанел нематеријална штета на честа и угледот на двајцата вработени.
Светот е згрозен од крвавиот поход во средното училиште во градот Тамблер Риџ, каде во вооружен напад животот го загубија најмалку девет лица. Меѓу преживеаните жртви е 12-годишната Маја, која со тешки прострелни рани во главата и вратот е префрлена во детската болница во Ванкувер, каде лекарите се борат за нејзиниот живот. Семејството на девојчето, скршено од болка, упати јавен апел за помош и молитви. Нејзината мајка Сиа, во потресна порака од болничкиот кревет, го опиша ужасот низ кој поминуваат. „Го пишувам овој пост додека мојата ќерка се бори за својот живот. Денес започна како и секој друг ден, а…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, а во присуство на македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов и претставници на домашните винарии, вчера во Париз се обрати на настан посветен на промоцијата на македонските вина на меѓународната сцена. Настанот беше организиран во рамки на работната посета на Париз, со поддршка на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како дел од активностите за унапредување на економската дипломатија и зголемување на извозните можности на државата. Пред бројни гости од дипломатскиот кор, културниот и…
