Author: Author 04

Вчера лишени од слобода 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило, под дејство на алкохол и со поголема брзина од дозволената Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои по еден во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и битолско затоа што управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Куманово претходно со мотоцикл учествувал и во сообраќајна незгода и од него е одземен мотоциклот, а на другите возачи се одземени патничките возила. По еден возач во Скопје, Чашка и прилепско управувале возила иако имале мерка…

Повеќе

СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 01.02.2026, откако се породила во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно со депониран потпис го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе.

Повеќе

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Ј.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,противправно лишување од слобода“, предвидено и казниво по член 140 став 1 од Кривичниот законик. Пријавената Ј.Н., вработена во ПО за БПС Кочани при СВР Штип, на 13.09.2025 на место викано „Суитлак“ во Штип, откако се сретнала со женско лице –  вработено во МВР со договор за вработување како полицаец – приправник во Одделение за полиција при СВР Штип, насилно ја внела во возило „бмв“ со кое пријавената Ј.Н. дошла на…

Повеќе

Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“ СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера…

Повеќе

ОВР – Кочани поднесе кривична пријава против С.З., 40-годишен кочанчанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Пријавениот противправно присвоил платежна картичка во сопственост на лице од Кочани и во периодот од јули 2025 до ноември 2025 во седум наврати неовластено навлегол во компјутерски систем и се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 161.800 денари, соопштија од МВР.

Повеќе

Вчера во 16:49 часот во СВР Скопје е пријавено дека на место викано „Сулејманови ливади“ во с.Горно Количани, скопско, пронајдени се коски слични на човечки, а во близина е пронајдена и облека, информираат од МВР.  Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на реконструкцијата на улица „Лазар Трповски“, една од најзначајните сообраќајни артерии во овој дел од градот. Овој проект е клучен за обезбедување поголема безбедност, ред и ново достоинство за граѓаните на Чаир. Станува збор за целосна реконструкција со нов асфалт на двете коловозни ленти, изградба на стандардизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни, уредени паркинг-простори и современ систем за јавно осветлување. Со ова се става безбедноста на прво место за сите учесници во сообраќајот, вклучително возачи, пешаци и велосипедисти. Улицата „Лазар Трповски“, која…

Повеќе

Откако минатата година низ серија прес-конференции насловени како „Афера – Провизии кои чинат животи“ ја истакнавме инволвираноста на Филипче како тогашен министер за здравство во трагедијата во која живи изгореа 14 наши сограѓани, за која Коцевски цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за Филипче во некоја од неговите фиоки, деновиве поранешната обвинителка Лејла Кадриу исто така потврдува дека работата е забошотена, посочи на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, Кадриу вечерта на кобната трагедија била повикана како јавен обвинител да помогне во истрагата, а по неа дошол и тогашниот ДЈО Јовевски, кој со свои двајца обвинители…

Повеќе

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, денеска поднесе неотповиклива оставка до претседателот на Собранието, Африм Гаши. Одлуката за повлекување следува по неколкунеделни јавни полемики и изнесени сомнежи во врска со нејзиното работење во Комисијата. „ДО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Г.Африм Гаши, претседател Почитуван Г. Гаши, Согласно член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, јас Цвета Ристовска поднесувам оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата. По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во прска со мојата работа во Државната комисија за спречување…

Повеќе

Со денови ги слушаме СДС и Филипче, во прашална форма како лажно ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за некаков шверц на дрога, па го мешаат Томовски, и кој се уште не, но, еве ја вистината на дело, рече на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Откриваме фрапантен податок и фотографија, која покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегалната марихуана – еден до друг, истакна Петрушевски. „Венко Филипче на телевизиско интервју, кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на Фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, а…

Повеќе