Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Подгответе ги чадорите: Ќе врне дожд цел ден
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од Груби дека ќе го повлече сосе ортаците Заев и Спасовски?

    ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од Груби дека ќе го повлече сосе ортаците Заев и Спасовски?

    25.02.2026 во 20:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче и СДС се единствените кои се исплашени заради корупцијата и криминалот на структурите блиски до СДС.  Филипче да не шири паника и страв и да не ја префрла вината кај граѓаните, граѓаните треба да бидат спокојни, правда мора да има, а институциите на системот да профункционираат.

    Заврши времето на политички нарачани пресуди од судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица.

    Нема скандал, криминал и корупција, а таму да не се вмешани имињата на Заев и Филипче, реагираат вечерва од ВМРО-ДПМНЕ.

    СДС со денови  растура пердуви во јавноста и околу скандалот со запленетата марихуана, а сега и со случајот со Артан Груби сами се заплеткаа во сопствените лаги.

    Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

    Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за исказот на Груби? Кого може Груби да повлече со него, дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други?

    Лагите на СДС и Филипче траат кратко, но последиците од нив се трајни и штетни за граѓаните на Македонија. Нема јавен настап, а Филипче да не каже лага или сам да се демантира.

    На Филипче му пропадна и обидот да ја скрие блискоста на структурите на СДС и кланот Заеви со сопственикот на запленетаат марихуана, но вистината излезе на виделина.

    Венко Филипче лажеше дека не ги познава лицата дури и на телевизиско интервју кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, но фотографиите од нив двајца кои излегоа во јавноста тоа го демаскираа. Венко Филипче во друштво на сопственикот на илегалната дрога. Венко Филипче и Тони Котев покрај себе.

    Владеење на правото и правдата мора да има. Секој кој го прекршил законот ќе одговара, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.