Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога

    04.05.2026 во 20:18

    Ковачки: Гоце Делчев е вечен симбол на слобода, правда и чесност, единството меѓу народот

    04.05.2026 во 20:16

    Кај осуденик најдена дрога

    04.05.2026 во 20:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога
    • Ковачки: Гоце Делчев е вечен симбол на слобода, правда и чесност, единството меѓу народот
    • Кај осуденик најдена дрога
    • Сајкоски: Кога говориме за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и она што во иднина следи
    • Сиљановска-Давкова на Самитот во Ереван: Енергетската и инфраструктурната поврзаност се клуч за стабилна и безбедна Европа
    • Тажна вест: Почина Цирко
    • Василевска: Темелот на изградбата на визијата за современата македонска држава е Гоце Делчев
    • Ѓорѓиев: Гоце Делчев е синоним на епохата на македонската борба за македонска држава и нација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Филипче ја составал техничката спецификација и немал елаборат за електрична енергија за модуларната болница во Тетово, сведоштво на обвинителката Кадриу 

    Манасиевски: Филипче ја составал техничката спецификација и немал елаборат за електрична енергија за модуларната болница во Тетово, сведоштво на обвинителката Кадриу 

    13.02.2026 во 12:533 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp


    Откако минатата година низ серија прес-конференции насловени како „Афера – Провизии кои чинат животи“ ја истакнавме инволвираноста на Филипче како тогашен министер за здравство во трагедијата во која живи изгореа 14 наши сограѓани, за која Коцевски цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за Филипче во некоја од неговите фиоки, деновиве поранешната обвинителка Лејла Кадриу исто така потврдува дека работата е забошотена, посочи на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Имено, Кадриу вечерта на кобната трагедија била повикана како јавен обвинител да помогне во истрагата, а по неа дошол и тогашниот ДЈО Јовевски, кој со свои двајца обвинители се приклучил во истрагата, за кои според обвинителката Кадриу, имале обврска да ја држат работата под контрола, рече Манасиевски.

    „Имено, Светската банка тогаш одобрила средства за изградба на модуларни болници на територијата на цела Република Македонија, и како што вели Кадриу, околу 30 милиони евра биле обезбедени за изградба на истите овие објекти.

    Филипче кој инаку е познат по својот сенс за криминал и корупција, ја искористил шансата веројатно, да направи модуларни болници за кои тој лично ја скроил техничката спецификација.

    Во истрагата обвинителката Кадриу, вели дека во свои разговори со останати лица, градбата на модуларната болница, била направена од панели рециклирани со пурпена, кои тогаш не чинеле повеќе од 5 до 6 евра. Додека пак, оние подобрите и поквалитетните, како на пример панели со камена волна кои не горат и до 40 минути, чинеле околу 17 евра. Во превод, според Кадриу, овие модуларни болници кои Филипче ги изгради чинеле околу 300.000 евра, сите заедно, а биле обезбедени за оваа намена 30 милиони евра. Каде заминале овие пари и во чиј џеб завршиле, никој нема одговор. Можеби Филипче го има и се наоѓа во некоја акција во индиска авиокомпанија, стан во Дубаи или пак некоја фирма во Бугарија“, истакна Манасиевски.

    Манасиевски вели дека за жал, трагедијата во Тетово во која загинаа 14 наши сограѓани, можела да биде и спречена доколку Филипче потпишал минимум технички спецификации и ако направил елаборат за електрична енергија, со кои не би дошло до спој во електричната енергија и доколку панелите биле малку поскапи и подобри, можеби и ќе се избегнел пожарот. Но, Филипче по се изгледа алчен за парите, искористил минимум од обезбедените средства.

    „Згора на се, ова можеби би било спречено и доколку Филипче ја прифател понудата на тогашниот медицински директор во тетовската болница, кој понудил сместување на КОВИД пациенти, на двата спрата кои биле слободни во истоимената болница каде тие биле оставени така празни. Филипче ова го одбил поради тоа што овие модуларни болници морале да бидат изградени.

    Сведоштвото на обвинителката Лејла Кадриу, вели дека вистинските виновници не се зад решетки. Оние кои велеле дека не треба да има модуларна болница и нуделе други решенија, сега се осудени, за жал само по 3 години, а вистинскиот виновник денес води политичка партија во опозиција.

    Утре продолжуваме со нови информации и за тоа зошто обвинителката Кадриу била суспендирана баш поради овој случај“, истакна Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Ковачки: Гоце Делчев е вечен симбол на слобода, правда и чесност, единството меѓу народот

    04.05.2026 во 20:16

    Сајкоски: Кога говориме за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и она што во иднина следи

    04.05.2026 во 19:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.